Работи што не прочитав некој да ги каже.
Лизинг - колата не е твоја, мораш полномошно да вадиш за да извадиш зелен картон, или за да ја вози било кој друг, сопруга на пример. Имаш само еден клуч, вториот е кај банката. Не смееш да правиш никакви измени на колата.
Кредит: мораш да платиш учество, обично 25 или 30%. Зависно од вредноста, возилото се остава како залог или пак е потребен жирант / хипотека. Возилото е сосем твое, што сакаш можеш со него да правиш. Во ратите за кредитот прво влегува каматата, така да ако сакаш поскоро да го вратиш кредитот можеш да го направиш тоа, но каматата веќе си ја платил па ништо не заштедуваш. Ако ја продадеш колата, а кредитот не ти е исплатен, си продолжуваш да го плаќаш.
Каматите на лизингот се околу 2%, на автомобилскиот кредит околу 5-6%. Кога се работи за кредит различни банки нудат различни услови, зависно од кредитната историја и од висината на платата, постоењето на други неамортизирани редити, може банката да понуди различни комбинации на услови.