Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 579284 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1002
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3570 на: 15 Октомври 2024, 13:17:51 pm »
И јас. Коа ги трошеше МП стоковите резерви катастрофа беше. Сега дизелот е ок.

Носев кола на сервис пошто ми трокираше и тресеше цела кола на ладен старт, баш 2022ра кога беа нестабилни цените. На сервис ми викаат уште 2ца дошле со ист „проблем“, и двајцата со Макпетрол 100ка наточено. :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3571 на: 15 Октомври 2024, 14:26:13 pm »
За какво потскокнување станува збор? Нерамномерна работа на обртометарот?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1002
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3572 на: 15 Октомври 2024, 14:50:11 pm »
За какво потскокнување станува збор? Нерамномерна работа на обртометарот?

Нерамномерни обртаи, колата се тресеше цела како да ќе изгасне, па корегираше со кревање на обртаи. Ова на буквално секое ладно палење, в гаража на 15-20 степени, без надворешни температурни влијанија. Зголемена потрошувачка додека го потрошив резервоарот.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3573 на: 15 Октомври 2024, 14:50:58 pm »
Истово тој период и кај мене се случи звучеше чудно на прво палење мало варирање на обртаи и многу груб звук од мотор и се смируваше самиот од себе, а се слчуваше после точење на гориво, и се изгуби самиот од себе

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3574 на: 15 Октомври 2024, 16:17:40 pm »
Изгледа ке мора да го менувам Лукоил.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3575 на: 15 Октомври 2024, 16:19:16 pm »
Јас не го менувам Лукоил за жива глава, сѐ додека не дојде Шел во Прилеп (никогаш).

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3576 на: 15 Октомври 2024, 16:23:06 pm »
Генерално повеќето членови возат нови коли генерално од 2017/18 година нагоре дали ја читате книгата прирачникот што пишува Во неа кое гориво да се сипува.Кај џимни и на капак стои бс95 и во книгата.Зошто 98,100ка сипувате мешате што ке добиете со тоа сипувај бс95 ако возиш бензинец и решен проблем исклучиво на Лукоил и тоа е тоа немаш проблеми за дизел неможам ништо да кажам не возам дизел, бс95 јапанче преде како маче не се слуша Лукоил -the best oil station in Republic of Macedonia 🇲🇰. ⛽️ 🚗 👍  🍻

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1002
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3577 на: 15 Октомври 2024, 16:33:41 pm »
Генерално повеќето членови возат нови коли генерално од 2017/18 година нагоре дали ја читате книгата прирачникот што пишува Во неа кое гориво да се сипува.Кај џимни и на капак стои бс95 и во книгата.Зошто 98,100ка сипувате мешате што ке добиете со тоа сипувај бс95 ако возиш бензинец и решен проблем исклучиво на Лукоил и тоа е тоа немаш проблеми за дизел неможам ништо да кажам не возам дизел, бс95 јапанче преде како маче не се слуша Лукоил -the best oil station in Republic of Macedonia 🇲🇰. ⛽️ 🚗 👍  🍻

Во книгата стои која е минимална октанска вредност потребна за нормална работа на моторот. Ако ставиш гориво со повисока октанска вредност тогаш нема да има апсолутно никаков проблем затоа што повисока октанска вредност значи поголем отпор на knocking, проблем може да ти направи само ако ставиш гориво со пониска октанска вредност, и во тој случај knock сензорот ќе детектира knocking и ќе подесува тајминзи и ќе вбризгува повеќе гориво за да намали температури и да елиминира knock, што значи поголема потрошувачка и побрза деградација на уљето ради поголемо количество на согорено гориво.

Јас лично немам добро искуство со 98 од Лукоил. Кој е во Скопје, ТопТрејд имаат најквалитетно гориво. На БМВ апликацијата при пребарување Shell на мапата, дополнително ги дава Ib Petrol кај Куманово и Power Petrol кај Кичево. Колку е верно, не знам.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3578 на: 15 Октомври 2024, 22:39:26 pm »
Од стари е кажано, бензин Лукоил, дизел Макпетрол ;D ;D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3579 на: 24 Октомври 2024, 11:01:23 am »
Преку 2500л плин имам ставено на Лукоил и сите коли што ги возам ги полнам со горива од Лукоил. Но вчера враќајќи се од Ќустендил снемав плин после Велес и морав да ставам некаде плин, па кај Росоман ставив на Црна Река мала количина (скептик јбг) колку за до наредна Лукоил станица во Прилеп. Колата како да беше друга, Плетвар со 5та и 120 го качуваше, никогаш ама баш никогаш толку не одела колата. Дали некој друг има слично искуство со плинот на Црна Река?

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3580 на: 24 Октомври 2024, 13:09:35 pm »
Колку што имам разбрано им останало вишок од горивото за ракетата на Маск па сега го шиткаат по народ вака.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5553
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3581 на: 24 Октомври 2024, 13:20:31 pm »
Јас нон стоп турам Битола од таму оти е со 5 денари разлика обично, рљзлика не сум сетил. Еднаш минатата година стсвив од Лукоил на излез за Охрид во корсата, пс мислам како уште 15 коња да доби колата со таа боца плин, ама еднаш беше, наредно ставање се по старо како секаде.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3582 на: 24 Октомври 2024, 13:49:31 pm »
Кај мене многу слабо влече последниов период со плинот од Лукоил. Битола на Црна Река е 39, Лукоил 44, Росоман на Црна Река 42.5, Прилеп на Црна Река е 41.5. Цената не ми менува ништо, но многу е пореспонзивна гаста, особено на мали вртежи (1500-2000).

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3583 на: 24 Октомври 2024, 17:44:33 pm »
Кај мене многу слабо влече последниов период со плинот од Лукоил. Битола на Црна Река е 39, Лукоил 44, Росоман на Црна Река 42.5, Прилеп на Црна Река е 41.5. Цената не ми менува ништо, но многу е пореспонзивна гаста, особено на мали вртежи (1500-2000).
Можеби е побогата смеса на Црна река, види како ќе ти покаже потрошувачката, можеби повеќе ќе троши со овој плин
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3584 на: 24 Октомври 2024, 17:51:27 pm »
На црна река имам слушнато, со ацетон го мешаат плинот...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.