Здраво дечки,
Последниве 9 години си ставав дизел на Окта (читај Пуцко Петрол) на 3та Македонска Бригада кај Тинекс, ама гледам газдата деновиве е популарен по вести, па си викам сигурно ке има некој промени и во квалитетот на дериватите кај неговиот бизнис.
Не сум во тек со горивата и квалитетот помеѓу бензинскиве, што би препорачале, да продолжам да ставам на Окта, да се префрлам на Лук оил, или ?
Фала однапред.
Возам Форд Мондео 1.5 тдци од 2016 година.