Генерално повеќето членови возат нови коли генерално од 2017/18 година нагоре дали ја читате книгата прирачникот што пишува Во неа кое гориво да се сипува.Кај џимни и на капак стои бс95 и во книгата.Зошто 98,100ка сипувате мешате што ке добиете со тоа сипувај бс95 ако возиш бензинец и решен проблем исклучиво на Лукоил и тоа е тоа немаш проблеми за дизел неможам ништо да кажам не возам дизел, бс95 јапанче преде како маче не се слуша Лукоил -the best oil station in Republic of Macedonia 🇲🇰. ⛽️ 🚗 👍 🍻
Во книгата стои која е минимална октанска вредност потребна за нормална работа на моторот. Ако ставиш гориво со повисока октанска вредност тогаш нема да има апсолутно никаков проблем затоа што повисока октанска вредност значи поголем отпор на knocking, проблем може да ти направи само ако ставиш гориво со пониска октанска вредност, и во тој случај knock сензорот ќе детектира knocking и ќе подесува тајминзи и ќе вбризгува повеќе гориво за да намали температури и да елиминира knock, што значи поголема потрошувачка и побрза деградација на уљето ради поголемо количество на согорено гориво.
Јас лично немам добро искуство со 98 од Лукоил. Кој е во Скопје, ТопТрејд имаат најквалитетно гориво. На БМВ апликацијата при пребарување Shell на мапата, дополнително ги дава Ib Petrol кај Куманово и Power Petrol кај Кичево. Колку е верно, не знам.