Ги разбирам и „двете“ размислувања дали во овластен или во алтернативен, јас Голфот (2004) што го имав од 2011 година, продолжив да го сервисирам во овластен цело време (освен што сменив свеќици, стабилизатор и одбојници за амортизери кај Митревски, пред се заради фактор време, на 20 м е од мене сервисот) и имав „мобилна гаранција“ што ја даваат иако се работеше за возило старо (тогаш) 14 години. Мене ми даваше некоја сигурност а и многу ја пазев колата и никако не се решив кај Митревски да сменам масло а имам доверба во човекот, ама фактот дека возев 14 годишна кола за која имам некаква гаранција, беше пресудно да останам во овластениот сервис (Де лукс Куманово)