Wow, не очекував дека ќе се развие конструктивна дискусија во темава. Одлично.
Тие што ме знаат лично знаат дека сум голем љубител, ентузијаст на возила и целата технологија, наука и механика околу нив. Веројатно и знаат дека ова возило во овој МПВ формат не ги отсликува моите вистински желби како моторхед. Напротив, дури бев и голем серко, кога се вклучував во дискусии поврзани со вакви возила.
Кога бев во потрага по поголемо возило, во игра ми беа скоро сите „атрактивни„ модели кои што можат да се купат на нашиот пазар. Влезните варијабли во функцијата за избор беа: простор, надежност, турбо бензин, модел на возило кој што не е досаден, ако е половно да е купено од наш дилер и одржувано кај него.
Возилово се појави случајно како гром од вердо небо, без воошто да влезе во филтерот на мојата потрага. Беше МПВ, според моите критериуми - комбе и беше NO GO.
Арно ама, бељата се случи кога му се јавив на момакот и отидов да го видам и да го повозам.
После првите 500м извозени, едноставно знаев дека ќе одам на нотар и ќе го земам. Ете после неколку години сеуште го имам, ме служи фантастично, и соодветно на тоа му ја давам целата нега и внимание што ја заслужува.
Тоа што кликна во мене при изборот беше практичноста, удобноста, комфорот, тишината, подвозјето, рафинираноста, завршната обработка, па и брендот. Не ми беше битно колку троши, колку ќе ме чини сервис, дали има скапи гуми. Знаев дека тоа е тоа што го барам, а го немаше во Голф, Октавија, Суперб, Пасат, Фокус, Мондео, БМВ 3, кои што патем се одлични возила според мене.
Дали ова возило е најдоброто нешто што го има во класата? Не
Дали можев за истите пари да купам друго возило, кое што е повисока класа и поголемо? Да.
Дали ќе ми беше ќеиф да го возам со цело семејство внатре и да крузам со него некаде покрај море? Не.
Сервис.
Во принцип сите возила кои што ги поседувам и сум ги поседувал добивале топ нега и внимание од моја страна. Секогаш сум давал предност на овластени сервиси, и не секогаш сум поминувал евтино и добро.
Со Мак Ауто Стар сум немал никакви проблеми, во однос на услуга и сервис. Со цените знаат да се високи, и претеруваат. Ама никогаш не потфрлиле во однос на довербата што сум ја дал. Никогаш сум немал дилема дали ако седнам во возилото и извозам 3000км до некоја дестинација, со семеството во него, дека тоа ќе ме служи беспрекорно.
Истиот однос и доверба го имам и со МИ-Да.
Никакви пофални зборови неможам да кажам за Аутомобиле СК, или ФИАТ сервисот кај нас. Ужас.
Знам дека има и поефтини сервиси, и дека има и поефтини делови.
Како што кажа некој од членовите погоре, ако сакаш да возиш премиум значка, биди спремен да платиш и премиум сервис. Тоа ми беше јасно уште кога го купив возилово.
Секако дека во иднина кога ќе треба да го менувам, повторно ќе го сменам за Мерцедес, поголем, и ако ме држи памет и здравје, се надевам со АМГ значка.
А до тогаш, ќе уживам во ова парче метал кое што ме служи верно.