Возилово ги имам веќе 10 дена, и редно е да го паркирам тука во гаража.
Произведено октомври 2013, прва регистрација 15.02.2014.
Купено е од Мак Ауто Стар од првиот сопственик, редовно е одржувано во нивниот сервис.
Јас сум втор сопственик од пред неколку дена.
Има поминато 86.000км, сеуште е под гаранција. Поседува комплетна сервисна историја.
Има 1.6 турбо бензински мотор со 122 коњски сили, 6 степен менувач.
Од опрема го има тоа што го има како стандард во B180 моделите, но како поинтересно ќе издвојам:
- collision prevention assist систем со радар во предното лого пред хауба
- темпомат и ограничувач на брзина
- автоматски долги светла
- ABS, ESP, TCS
- сензори за вклучување на средни светла
- лед дневни светла поставени во магленките на предна страна
- радио со bluetooth, USB
- дисплеј на централна конзола насаден како таблет
Има и еден куп друга опрема што мислам дека е бесмислено да ја наведувам затоа што денес е речиси стандардна во оваа класа на возила.
Моторот е жилав, во ниските степени на пренос малку мрзлив за мојот начин на возњењ, но на автопат е многу солиден. Особено одлично влече над 120км/х кога е во 5 или 6 степен на пренос.
Крајна брзина 195км/ч, од нула до 100км/ч иде нешто под 10 секунди.
Потрошувачка:
- во град 7,5 до 8 литри
- на отворено 5,9 до 6,3 доколку се вози по пропишана брзина
Планирани надградби:
- клима фолии 50% затемнети со атест на сите стакла
- бандажи за летни гуми и летни гуми
(стариот сопственик ми даде и зимни гуми со возилото, но тие ќе ги возам на бандажите што се моментално на возилото, а за летниот сетап ќе земам нови гуми и бандажи)
- корекција на ситни гребаници и оштетувања од камчиња на хауба
- третманче кај Даме обавезно ќе кркне
Тоа е тоа од прилика.
Еве и некоја фотка, од неодамнешното патување до јужниот сосед.