Дап, уље и филтри. Нормален, мал годишен сервис.
Информацијата не е официјална, ќе пробам да добијам официјална деновиве. Баш поради тоа што ме заинтересира моментот од „2500-3000 евра“.
Не сакам да ја трупам темава на членот но ке пробам на кратко да објаснам и тоа од лично искуство а не од рекла казала муабети:
Едно такво возило ги јаде гумите на 30-35 000 км (1000 евра 4 добри гуми).
Плочки троши до 40 000км а и не се баш ефтини за таков калибар на возило заради тоа што претежно се со Брембо шепи со лого мерцедес напред.Во овластен сервис додека возилото е под гаранција немаш опција да бираш ти какви сакаш плочки туку тоа што е препорачано од фабрика.
Тоа возило иде со некој си најобичен V6 мотор кој собира 10 литри улје кој овластен сервис го наплаќа + - 1000 литро.Доколку се отиде на некоја појака варијанта V8 или нешто слично нормално дека количината и цената одат нагоре.
Филтри има неколку и за да ти важи гаранцијата мора да бидат менувани на секој сервис (без разлика дали се за менување или не ).
И ред други скриени работи кои нема да ти ги кажат кога ке го купиш а ке ти бидат објаснети кога ке дојде ред за сервис.
20 000 денари е добар ден за такво возило во Мерцедес овластениот сервис и од таму натаму почнува приказната.
За крај пак ке кажам дека горе наведеното е од претходно искуство а не од рекла казала.Сум имал и сеуште имам такви возила кои се користат претежно за отворен пат и убаво знам што значи одржавање на такво возило во овластен сервис.