Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active  (Прочитано 10765 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #15 на: 31 Август 2017, 13:45:16 pm »
Споредбата со Типо е интересна. Типото е поголемо, доаѓа со повеќе опрема итн. Пластиките се тука некаде, ама Типото мислам дека би било подобра кола overall, со таа забелешка дека Пежото е покомотно по наши улици. Нејсе, мислам дека Типото ќе искочи значително поскапо ако почне да се реди со опрема. Во најмала рака додади 500 евра за не-бела боја, 150 евра за паркинг сензорите (реално, најреално, требаат) и уште пар ситници - и разликата станува околу 2000 евра - а во овој сегмент, 2000 евра се веќе make or break момент.

Другар купи Citroen C-Elysee, основно, најосновно за 10.500 еура, и ги имаше сите потребштини. Толку му беа парите, сам си отиде, си заврши работа. Да ми се јавеше, сигурно ќе добиеше подобра цена од Еуроимпекс за 301, ама ете..

Како и да е.. Коливе не се лоши, воопшто. Не се одлични - далеку од тоа, ама за цената се добива A Lot Оf Car.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #16 на: 31 Август 2017, 14:04:27 pm »
@Carpathian Lord погрешно го тагираш класниот, он е @zeroSignal , не Зерокул :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #17 на: 31 Август 2017, 14:16:02 pm »
Немаме навика како народ ние да купуваме вакви коли, треба едукација дека ова е подобро од дизелаш стар 15 години.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #18 на: 31 Август 2017, 14:33:34 pm »


Истиот дисплеј го имам во пежото 207 од 2006 година, значи 11 години е минимум старо радиото, ете уште една работа каде заштедиле на колава. Исто и мене ме интересира кумплунгот дали е уште со тој ужасен федер и дали менувачот е уште  ''косчест''?
Зини да ти кажу.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #19 на: 31 Август 2017, 15:06:30 pm »
До Битола и назад, на свадба. :)

Одлично е, сè додека си во рамките на она што може да се очекува. До 120-130 е сосема во ред, над тоа веќе почнува да станува бучно.

Хм, така и си мислев, ако сакаш подобро, додај уше 3000->5000 и купи 308, или Меган, ќе ги немаш тие проблеми. Ес да се имам возено со 407 2.0 ХДИ 2008, и има покрута вожња, дури идентична со елисејот на Цитроен.
Инаку 100кс, мислам дека не се малку за ова количе, мислам дека и  потрошњата и забрзувањето се добри  според податоци на нет.
Рапидот од она што имам видено е за нијанса подобар од овие, во однос на материјали и изолација.
 
@ZeroCool  Какво е во споредба со Типото? Пред се мислам на изолација, материјали, ергономија и слично.
Рачунај дека цената на Типото не е баш споредлива со оваа на 301.

Цена на основниот модел: Peugeot 301 1.2 PureTech Access – 10.990 Evra
Цена на тестираниот модел: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active – 13.990 Евра
Цена на тестираниот модел: Fiat Tipo 1.6 Multijet 120 Pop Opening Edition – 16.600 Евра
Цена на тестираниот модел: Fiat Tipo HB 1.4 TJET Lounge – 16.350 Евра

јас пре би пежото, мислам дека е поадвекатно за цената. И секако рапид-oт. А ако одам финансиски, би купил Елантра.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #20 на: 31 Август 2017, 15:23:50 pm »
Elantrata ti e mn poskapa. Dizelov Peugeot e best buy i po mene podobro od drugive vozila od ovoj tip/klasa. Ako ima turbo puretech i toa e odlicno

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #21 на: 31 Август 2017, 16:49:37 pm »
Рапидот од она што имам видено е за нијанса подобар од овие, во однос на материјали и изолација.
 

Рапидот има малку подобри текстури на материјалите и завршната обработка му е малку подобра. Не на ниво на Октавија или слично, далеку од тоа, ама споредено со директните конкурентите е "подобар".

Возев 1.6тди Рапид подолго време, и мислам дека по ништо не се разликува во филингот од останатите конкуренти. Бучен, лимен, без изолација, со голем гепек и солиден простор за патниците позади. Само пластиките се подобри малку.

Кога би морал да бирам кола помеѓу Рапид, 301, Ц-Елизе, Типо искрено нема да имам лесна одлука.

Сите се ок за парите. Може да одлучи стереотипот или некој гаџет или фичр што може да го добиеш за иста цена.

Одлични возила за мерчендајзери, таксисти, комерцијалисти и семејни луѓе кои прават мали километражи на отворено и се возат низ град постојано сите во кола.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #22 на: 31 Август 2017, 21:16:22 pm »
Споредбата со Типо е интересна. Типото е поголемо, доаѓа со повеќе опрема итн. Пластиките се тука некаде, ама Типото мислам дека би било подобра кола overall, со таа забелешка дека Пежото е покомотно по наши улици. Нејсе, мислам дека Типото ќе искочи значително поскапо ако почне да се реди со опрема. Во најмала рака додади 500 евра за не-бела боја, 150 евра за паркинг сензорите (реално, најреално, требаат) и уште пар ситници - и разликата станува околу 2000 евра - а во овој сегмент, 2000 евра се веќе make or break момент.

Другар купи Citroen C-Elysee, основно, најосновно за 10.500 еура, и ги имаше сите потребштини. Толку му беа парите, сам си отиде, си заврши работа. Да ми се јавеше, сигурно ќе добиеше подобра цена од Еуроимпекс за 301, ама ете..

Како и да е.. Коливе не се лоши, воопшто. Не се одлични - далеку од тоа, ама за цената се добива A Lot Оf Car.


Интересно!

@Carpathian Lord погрешно го тагираш класниот, он е @zeroSignal , не Зерокул :)

Изгледа само сум пишал Zero и прво излегло тоа дека C и сум го селектирал тоа махинално :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #23 на: 31 Август 2017, 22:17:54 pm »
Одлични возила за мерчендајзери, таксисти, комерцијалисти и семејни луѓе кои прават мали километражи на отворено и се возат низ град постојано сите во кола.

Одличен избор за бивши обожаватели на Застава 128.
Во принцип, парите на богаташите треба да се вратат таму каде што припаѓаат, кај средната класа. И тогаш возилово да биде 3-4.000 евра поскапо, со подобри материјали и доверливост и сите да имаат по едно ваквко, само не дизел (пошто тоа е демоде) туку електрично за у штеќер со некој 500 кубика рејнџ екстендер.

Тоа Мерцедес, БМВ и Ауди да не постои, на нивно место да има V-TEC и TWIN Spark без турбо.

Светот би бил многу поубаво место :P

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #24 на: 31 Август 2017, 22:45:32 pm »
Требало да напишат, во чекор назад со времето...

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #25 на: 01 Септември 2017, 09:02:36 am »


Во принцип, парите на богаташите треба да се вратат таму каде што припаѓаат

Се слагам 102.5% со тебе. Ама некако сите сакаат да влезат во средна калса возила дури и Дачиа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #26 на: 01 Септември 2017, 09:15:22 am »
Јас многу почитувам вакви коли. Само многу ми беа грозни на изглед порано. Затоа не ги можев. И не само дека беа грозни туку дека намерно беа грозно дизајнирани за да не им рушат продажба на поскапите модели со поголеми маржи. Оваа е релативно пристојно изгледајуча. Од напред е и убава дури. Може да се потспушти со спиралки за да заличи уште малку и тоа е тоа. И остануваат уште воланот да се смени со волан од 108.




И кога ќе се има повеќе време да се исконтактира decibel.mk за да се земе изолација и да се изнареди буквално насекаде.

Со задоволство би ја возел оваа кола со овие модификации. Стварно е добра, само како што реков видливо е каде е кратено, ама доброто е што тоа што е кратено може да се коригира.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #27 на: 01 Септември 2017, 09:17:02 am »
Одлични возила за мерчендајзери, таксисти, комерцијалисти и семејни луѓе кои прават мали километражи на отворено и се возат низ град постојано сите во кола.

Одличен избор за бивши обожаватели на Застава 128.
Во принцип, парите на богаташите треба да се вратат таму каде што припаѓаат, кај средната класа. И тогаш возилово да биде 3-4.000 евра поскапо, со подобри материјали и доверливост и сите да имаат по едно ваквко, само не дизел (пошто тоа е демоде) туку електрично за у штеќер со некој 500 кубика рејнџ екстендер.

Тоа Мерцедес, БМВ и Ауди да не постои, на нивно место да има V-TEC и TWIN Spark без турбо.

Светот би бил многу поубаво место :P

Возилово е наменето за оние луѓе што сакаат нова кола, голем гепек, дизел мотор и не сакаат да платат многу.
Не сакаат да ризикуваат со половно возило, и сакаат да се раат неколку години од дефекти и мајстори.

Собира цело семејство за да отиде на слава, кај роднините во Демир Капија, во Охрид за први Мај во Неа Потидеа на море.

Во гепек собира:
- довоно куфери за да се спакуваш за на одмор,
- да ставиш столици, маса и сакара за на излет
- да пренесеш 5 вреќи пипер за зимница до викендица
- 30 кила зелка за поткиселување во есен

Во кабина е комотно за:
- 4 члено семејство
- 4 колеги што идат на семинар во Нови Сад
- 4 мерчендајзери или комерцијалисти што идат на пауза у Дојрана на чорба

И сето тоа спрегнато со дизел мотор кој лапа 6-7 литри у град, 5-6 литри на отворено.

Оваа категорија на возила, се "народни коли" тоа што на времето беше Застава 101, 128, Москвич Алеко, Лада Самара, Шкода Фелиција, Форман, Фаворит.

Не се лускус, но се фантастично практични, економични и употребливи. Намената им е да задоволат потреба на купувач, пазар, не да понудат луксуз и вратите да им се затвараат како сеф, и да е идеална тишина внатре.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #28 на: 01 Септември 2017, 09:39:29 am »
Ова се народни коли во третиот свет, кај што припаѓаме и ние. Народна кола во нормален свет е Пасат/Голф :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #29 на: 01 Септември 2017, 09:48:03 am »
Продажбава на Голф кај нас не ми личи дека не е народна кола кај нас.