Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active  (Прочитано 10763 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #30 на: 01 Септември 2017, 09:50:42 am »
Ова се народни коли во третиот свет, кај што припаѓаме и ние. Народна кола во нормален свет е Пасат/Голф :)

Да, за жал така е.

Претходно пишав дека коливе се наменети за источниот свет, кој што сеуште е во развој.

Во нормално општество, Голфот држи "стандард" за народно возило.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #31 на: 01 Септември 2017, 10:18:57 am »
лично, јас пре би ја купил оваа него ли некој раскарпузен пасат, стар 11 год, или БМВ, кое тешко би го одржувал со мојот буџет. Јас лично гледам према финансискиот момент. И си сакам нова кола. Што треба да е нормално, ама во општествово во кое живееме , тоа ти е.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #32 на: 01 Септември 2017, 11:14:54 am »
Продажбава на Голф кај нас не ми личи дека не е народна кола кај нас.

Тек половно Венто да видиш како се продава..ко алва.
Кај и да се свртам обавезно има по едно што остава темен облак зад себе.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #33 на: 01 Септември 2017, 14:01:23 pm »
Какво е ова средно ниво, а без потпирач за рака.

И дајте го видеото од индија да видиме од што возило ова пежо излезе   :D

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #34 на: 03 Септември 2017, 16:00:32 pm »
Колку само ќе се смени цела слика ако стварно имаше команди на волан а не позади волан, и обложен со некоја имитација на кожа материјал

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #35 на: 04 Септември 2017, 07:09:18 am »
Одлични возила за мерчендајзери, таксисти, комерцијалисти и семејни луѓе кои прават мали километражи на отворено и се возат низ град постојано сите во кола.

Одличен избор за бивши обожаватели на Застава 128.
Во принцип, парите на богаташите треба да се вратат таму каде што припаѓаат, кај средната класа. И тогаш возилово да биде 3-4.000 евра поскапо, со подобри материјали и доверливост и сите да имаат по едно ваквко, само не дизел (пошто тоа е демоде) туку електрично за у штеќер со некој 500 кубика рејнџ екстендер.

Тоа Мерцедес, БМВ и Ауди да не постои, на нивно место да има V-TEC и TWIN Spark без турбо.

Светот би бил многу поубаво место :P

Возилово е наменето за оние луѓе што сакаат нова кола, голем гепек, дизел мотор и не сакаат да платат многу.
Не сакаат да ризикуваат со половно возило, и сакаат да се раат неколку години од дефекти и мајстори.

Собира цело семејство за да отиде на слава, кај роднините во Демир Капија, во Охрид за први Мај во Неа Потидеа на море.

Во гепек собира:
- довоно куфери за да се спакуваш за на одмор,
- да ставиш столици, маса и сакара за на излет
- да пренесеш 5 вреќи пипер за зимница до викендица
- 30 кила зелка за поткиселување во есен

Во кабина е комотно за:
- 4 члено семејство
- 4 колеги што идат на семинар во Нови Сад
- 4 мерчендајзери или комерцијалисти што идат на пауза у Дојрана на чорба

И сето тоа спрегнато со дизел мотор кој лапа 6-7 литри у град, 5-6 литри на отворено.



- 4 рибари со комплет опрема плус скара и фрижидер - Сеат Кордоба, предобро возило ...

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #36 на: 04 Септември 2017, 10:47:07 am »
лично, јас пре би ја купил оваа него ли некој раскарпузен пасат, стар 11 год, или БМВ, кое тешко би го одржувал со мојот буџет. Јас лично гледам према финансискиот момент. И си сакам нова кола. Што треба да е нормално, ама во општествово во кое живееме , тоа ти е.

Се имам често пати возено во Ц-елизе и според мене колата е ужасна...не 10 туку и 20 години старо ауди или Бмв е подобар избор него ли тоа.  Сега брзо имаше акција за Ц4 дизел за околу 14 илјади и искрено незнам зошто некој би го земал ова а не Ц4ката.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #37 на: 04 Септември 2017, 13:30:04 pm »
лично, јас пре би ја купил оваа него ли некој раскарпузен пасат, стар 11 год, или БМВ, кое тешко би го одржувал со мојот буџет. Јас лично гледам према финансискиот момент. И си сакам нова кола. Што треба да е нормално, ама во општествово во кое живееме , тоа ти е.

Исто ќе те фати, да знаеш :)

Ете мој личен пример ќе ти дадам.

2002 година бевме загреани да земеме кола на старо.

Во опција тогаш беше Opel Vectra 1.6/2.0, VW Golf III 1.6 или Peugeot 405 1.6.

На крај требаше да испадне VW Golf III 1.6.

Цената да го донесат тука беше 6500 евра (колата беше од 1993 година, значи 9 години стара).

Имаше некои маани (чукнато крило, дупки на задна полица за звучници...).

Татко ми не сакаше да се замара со поправки и рече, ќе возам нова кола од салон.

Отидовме на саем во Скопје, Аутомакедонија имаше саемски попуст, ја зедовме Нубирата од 13000 за 10000 евра.

15 години подоцна, разликата меѓу половен Голф 3 и Daewoo Nubira да е едвај 500 евра.

Голфот сигурно немаше да „лапни“ 3500 евра поправки, а на сето ова додај 2 години официјален сервис во Скопје и чиста среќа што во тие 15 години едвај 1000 евра дадовме на колава за поправки.

Убава страна е што колата ја знам од 0км, јас сум ја одржавал и гледал и знам дека никогаш не е штедено и можам утре на пат да одам кога сакам.

Ете моментално моиве го шетаат цел Балкан со неа.

Значи само сакав да го потенцирам економскиот аспект.

Со нова кола од ваква категорија добиваш раат и толку :)

Комоција заборави, моќност заборави, безбедност дискутабилна, мада новиве се горе долу ОК.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #38 на: 04 Септември 2017, 13:43:50 pm »
Лично јас возам нова киа цид 2014, и во никој случај не би дал 14.000 евра за половно возило(сем ако не е ферари и порше :)). Јас кога купував кола не ни гледав половно возило, едини недостаток е што е бензинаш, за 3 години имам поминато скоро 94 илјади километри, јбг троши 7.3 низ Скопје и 5.5 отворено. Јас лично 301, елисеј, типо, рапид, не би купил, пре би купил фабиа, или пунто(не), или ц3...него ли некое од овие  погоре наведените. Ама не ги потценувам, и да можеме да правиме споредба измеѓу нив и некоја кола стара до 6 години, се што е над 6 години и 150.000 км е истрошена кола.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #39 на: 04 Септември 2017, 13:52:13 pm »
Не тропај глупости и пробај да зголемиш лично искуство и светоглед. Па после тропни нешто како 6 години и 150.000 е истрошена кола. Да ти ставам црна марама околу очите и да те повозам во град и отворено со 10 години стара Е класа со 300.000 поминато и после во нов Киа Сид или што било од таа класа, веднаш ќе се предомислиш. Затоа полека со констатации, луѓе читаат на форумов и многу често донесуваат погрешни одлуки поради вакви мислења што за жал се претставуваат како факти.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #40 на: 04 Септември 2017, 13:59:19 pm »
Не тропај глупости и пробај да зголемиш лично искуство и светоглед. Па после тропни нешто како 6 години и 150.000 е истрошена кола. Да ти ставам црна марама околу очите и да те повозам во град и отворено со 10 години стара Е класа со 300.000 поминато и после во нов Киа Сид или што било од таа класа, веднаш ќе се предомислиш. Затоа полека со констатации, луѓе читаат на форумов и многу често донесуваат погрешни одлуки поради вакви мислења што за жал се претставуваат како факти.

Оди на психијатар да се прегледаш. Ех да го имам твојот ум 365 дена во годината на одмор ќе сум.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #41 на: 04 Септември 2017, 14:00:08 pm »
Кога го купував мерцедесот, и јас мислев да купам нова елантра. Да не ме одјебеа од Кореа Ауто Трејд, денес можеби и ќе имав елантра наместо Ц200 Компресор.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 301 1.6 BlueHDI 100 Active
« Одговори #42 на: 04 Септември 2017, 14:01:43 pm »
Кога го купував мерцедесот, и јас мислев да купам нова елантра. Да не ме одјебеа од Кореа Ауто Трејд, денес можеби и ќе имав елантра наместо Ц200 Компресор.


Тоа е друго, и јас ќе возев ГоЉф  да не беа толку дрски и безобразни во VW. Во киа од рака ми јадат.