Одлични возила за мерчендајзери, таксисти, комерцијалисти и семејни луѓе кои прават мали километражи на отворено и се возат низ град постојано сите во кола.
Одличен избор за бивши обожаватели на Застава 128.
Во принцип, парите на богаташите треба да се вратат таму каде што припаѓаат, кај средната класа. И тогаш возилово да биде 3-4.000 евра поскапо, со подобри материјали и доверливост и сите да имаат по едно ваквко, само не дизел (пошто тоа е демоде) туку електрично за у штеќер со некој 500 кубика рејнџ екстендер.
Тоа Мерцедес, БМВ и Ауди да не постои, на нивно место да има V-TEC и TWIN Spark без турбо.
Светот би бил многу поубаво место
Возилово е наменето за оние луѓе што сакаат нова кола, голем гепек, дизел мотор и не сакаат да платат многу.
Не сакаат да ризикуваат со половно возило, и сакаат да се раат неколку години од дефекти и мајстори.
Собира цело семејство за да отиде на слава, кај роднините во Демир Капија, во Охрид за први Мај во Неа Потидеа на море.
Во гепек собира:
- довоно куфери за да се спакуваш за на одмор,
- да ставиш столици, маса и сакара за на излет
- да пренесеш 5 вреќи пипер за зимница до викендица
- 30 кила зелка за поткиселување во есен
Во кабина е комотно за:
- 4 члено семејство
- 4 колеги што идат на семинар во Нови Сад
- 4 мерчендајзери или комерцијалисти што идат на пауза у Дојрана на чорба
И сето тоа спрегнато со дизел мотор кој лапа 6-7 литри у град, 5-6 литри на отворено.
Оваа категорија на возила, се "народни коли" тоа што на времето беше Застава 101, 128, Москвич Алеко, Лада Самара, Шкода Фелиција, Форман, Фаворит.
Не се лускус, но се фантастично практични, економични и употребливи. Намената им е да задоволат потреба на купувач, пазар, не да понудат луксуз и вратите да им се затвараат како сеф, и да е идеална тишина внатре.