Автор Тема: CARclub Тест: SEAT Ibiza 1.0 TSI FR  (Прочитано 8439 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: SEAT Ibiza 1.0 TSI FR
« Одговори #30 на: 29 Септември 2017, 11:45:30 am »
1.2 знаеме дека беше проблематичен особено во јети. Имаше и успешни мотори од таа генерација како 1.4 со каиш и 2.0. Но овој 1.0 и 1.5 се веќе следна генерација во кои би требало многу од пропустите да се решени. Генералните проблеми кај 1.2 и 1.4тси со ланец беше што не беа доволно стари за да има долготраен тест. Сега има многу повеќе информации за ситниците кои треба да се коригираат во претстојните мотори.

Јас искрено очекувам многу од 1.0 115кс моторот. Особено што на сите тестови покажува одлична потрошувачка. Многу растеретено возење без замарање заради повисокиот вртежен момент наспрема досегашните атмосферски мотори.
Би требало да е доста траен и не гледам некоја голема причина да не  е траен. Особено што како мотор е мал и се става во мали коли кои се наменети за помала употреба и пократки дистанци. Јасно дека Мерцедес Е200CDI ќе покаже помалку проблеми отколку 1.0тси до 300.000км затоа што тие возила се наменети за огромни пространства секојдневно да се возат најрелаксирано и растеретено. 300к мечката ќе помине за 3 години во текси/службена верзија во Германија, а кај нас Ибица 1.0тси 300к ќе направи после 15 солидни години возејќи по 20000км годишно.

За мали километражи и за коли кои имаат бенефит од тоа да не се дизел 1.0 тси 115кс ќе е многу солиден мотор.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: SEAT Ibiza 1.0 TSI FR
« Одговори #31 на: 02 Октомври 2017, 11:07:55 am »
Јасно ми е дека нема да истрае колку мерцедес е 200cdi или некој дизел од vw групација 2.0. Имав пријатели (двајца) кои купија бензинци турбаши, ама не поминаа славно. Едниот во словенија купи vw passat 2007 so 1.4tsi so 122 кс, 2007 нов од салон. Веќе на 101.000 имаше проблем со моторот, со турбото. Затоа ми беше прашањето повеќе, пошо се размислувам 207-цата да ја надградам, во тек на следнава година. Па се думам за нешто ново. А би ми одговарало бензин, бидејки со нејзе ке се вртат измеѓу 10-12.000км годишно. А сеатчево ми привлече око.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: SEAT Ibiza 1.0 TSI FR
« Одговори #32 на: 02 Октомври 2017, 11:43:14 am »
проблем со турбото незначи дека моторот нема да издржи 300к километри.

има и дизели кои на слична километража имале проблем со турбо. shit happens