Сакам гоу, не шоу, нешто лошо се разбираме. Тоа значи, може комотно да летне големиот екран, паркинг камера и уште некоја непотрепштина од опрема (ете и греењето на предно стакло, ќе си го грепкам сам у зима), ама нека има посаглам мотор, што може да се носи со тонипол шасија која е долга ко брод.
Може моторот на прво повозување при тест вожња да ви се чини доволен, ама кога ќе го поседуваш, и кога ќе треба со тој мотор да од време на време да поминуваш по некој планински превој, заборави на претицање. Остана со шлеперите и спарковите у колона...