Прашање на вкус. Можеби да, можеби не. Пасатот е доста обожувано возило во Чаир, Тетово, Гостивар, Валона, Саранда, Тирана, Приштина. Мондеото не е.
Во Валона, Саранда и Тирана, Мерцедес е најобожувано возило
Ама ПАСАТ Е НАЈБОЉЕ КОЛА!!!!
Во кој поглед е најбоље? Ја имаш? Си ја возел? Кој модел? Кој мотор? Кое ниво на опрема?
Цитирам: ,,Па, не знам али топ е, ме возеше колегата еднаш и во све е најбоље, боље е од Ауди БМВ Мерцедес!''
Цитирам: ,,Министерски е братче“ - особено ако е црн и му ги затемниш стаклата 90%, тогаш сите ќе мислат дека си фаца/мафијаш/министер
Цитирам: ,,Кој ќе те застане со ваква кола (црн пасат со затемнети стакла), пајак не те крева, џандар не те запира, ќе ти се плашат, нема да знаат кој си“ - синдромот на локално ,,шерифче“...оди во комплет со освежувач за воздух во форма на грбот на МВР закачен на ретровизор и флуросцентно елече, така можеш да паркираш во било кој локал на сама маса ко ќе идеш на афтерче.
Локално е модерен Пасатот, па се очекува да наидеш на комшивска согласност и да бидеш социјално прифатен во кладиница ако кажеш дека е најбоље, без принесување аргументи поткрепени со факти, туку ако сите така викаат, мора да е така.
П.С. Немам ништо против марката или моделот, само пробувам да ја доловам идеологијата на ликовите што јачаат одредени марки/модели без трошка познавање, искуство или објективност.