Над 5 ќе е тој. 
Охооо, може и 5,6 да отиде со таа просечна брзина
Стварно нема потреба од сарказам во темава. Нити беше поентата „Стварно дизеливе поекономични, карклуб не е заебанција“, нити ништо такво. Поентата беше да се подружиме и во (какви-такви) квази-контролирани (да не речам, еднакви) услови (кои би симулирале нормално возење) да измериме потрошувачка.
Јас сериозно следниот пат ќе го земам Голфот на татко ми. Стварно не можам уште сега да претпоставам каква потрошувачка ќе извадам со него, ама ете, ќе видиме. Ќе пробам и сите коли што ќе ги земаме од сега на тест да ја пројдат истата рута. Интересно ќе биде да имаме една табела со вакви податоци.
Едит: Криво ми е што немавме со нас некој 1.5 dCi, или нешто слично. Во Меган/Клио, тие би требало да се рекордери. Особено 1.5 dCi со 90 коња, или колку и да беше. Би очекувал на автопат тој да има пониска потрошувачка и од Цитроенчето на Казан.
Стварно кратка, ама убава дружба со фини луѓе. Среќен роденден @Molec и фала на частењето,останавме должни поклон

Мене искрено ме изненади потрошувачката на Cruz-от, кој единствен од сите 2.0 дизелаши на тестов нема 6та брзина.
Како што кажа класниот, следниот пат би било фино да има уште повеќе членови со различни коли. Јас се пријавував со Toyota Corolla 1.6 бензин (без плин).
Како бонус на тестовите кои ги прави
www.carclub.mk би било фино со секоја од колите, доколку се во можност, да ја извозат истава делница и да ја стават во табела со резултати.
И стварно нема потреба од препукување, затоа што тие што беа присутни можат да потврдат за одличната атмосфера, сите останати бујрум следниот пат на мерење
