Некое време се канам да го направам тестот повторно, да споредам пред и после ремап. Денес успеав и еве ги бројките:
Надворешна температура: 5 C
Гуми: Зимски Hankook iCept evo3 (2,6 bar, 235/45/R18)
Ветер: 0
Гориво: Макпетрол 100 + Sonax Octane booster
ПРОСЕК: 9,2
Претходно со слични услови било 7,8 што вика разлика од 1,4 литри. И градска од прилика е 1,4 - 2 литра повеќе. Процентуалното зголемување е речиси исто како и на Ланчиата пред и после.
Искрено не знам како на сите други помалку им трошат.... Еве мене очекувано, ПОВЕЌЕ!
П.С. Глеам сликава нешо умачкана излегла ама бројќиве се гледаат.