@andrejnaumovski мислам дека се има збунето малце со торк конвертор аутоматикот, а кај
@miksi е dsg каде све е фиксно. Колку врти радилица, толку ќе вртат и тркала. Без разлика на коњи и торкои, пошто е фиксна врска со запчаници. Не знам како е кај торк конвертор аутоматиците.
Ама да не си го мерам јас сеа со
@nestor04, он нека објасни, јас не можам ја со неговото искуство
Инаку, за колата да изврши одредена работа (да се помести од точка а до точка б), со одредена брзина, потребно е одредено количество енергија, кое е складирано во горивото.
Ако условите на работа не се променети, и ако ефикасноста на моторот не е променета, не би требало да се промени и количеството енергија потрошено за таа работа.
Моторот на
@miksi во шкодата без проблеми постигнува 50-60кс ремапиран или не. Верувале или не, толку е потребно да се движи едно возило со константна брзина од 120км/ч. Не 300кс, не 600кс да има колата, пак за да се совладаат силите на отпор и да се одржува рамномерна брзина на прав пат, исто коњи ќе се потребни.
Потрошувачката при слични услови, би требало да биде многу слична, ремапирана или не.
Затоа мене ме чуди конкретнава потрошувачка на Микси, би очекувал некој мал процент разлика, јер можеби се тера малце по рич фјул мапа за да нема нок, ама обично тие работи не би требало да влијаат толку многу на потрошувачката.
Тие прикаски за „ремапирана помалце троши“ се за мали деца. Ако имаш повеќе кс, значи имаш повеќе енергија што може да ја потрошиш за глупости. Па дури и да има вистина во тоа „во трета што си можел пред ремап, сеа во пета можеш“, никој не ја ремапира колата за да вози/забрзува исто или поспоро од пред ремап, па да уштеди. Еве, дури и фабрички коли што имаат јасно иста механика под хауба, само фабрички детјуниран мотор, имаат различна потрошувачка, и тоа секогаш појаката има поголема потрошувачка.
на пример:
Alfa Romeo Giulia (952) 2.0 Turbo (200 Hp) Automatic 2018
urban 9 l/100 km
extra urban 6 l/100 km
combined 7.1 l/100 km
Alfa Romeo Giulia (952) 2.0 Turbo (280 Hp) Automatic 2018
urban 9.8 l/100 km
extra urban 7.1 l/100 km
combined 8.4 l/100 km
Истата погонска единица, со генерално исти загуби при работа, практично „фабрички“ ремапиран на 280кс, троши повеќе. Да не вадам и за дизелите, и тие се иста прича.
Тие прикаски „ремапирана помалку троши“, на друг да му ги раскажуваат тјунериве