Конкретново количе е 1.2 XHL (таква е ознаката на моторот кај Opel) турбо-бензинец. 100 коњски сили при 5500 вртежи во минута, 205 Nm од само 1750 вртежи во минута. 6-степен мануелене менувач. Според официјалните бројки, вика 9.9 секунди до 100 и максимални 194 километри на час.
Во реално, секојдневно возење во ниту еден момент не се чувствува спора. Си има доволно торк да си повлече од ниски вртежи и не мора да ја силува човек. Градска потрошња е околу 7.2-7.5 на 100, со цело време клима пуштена. Ако некој се заангажира, сигурно може да ја спушти уште.