Автор Тема: Стандардизиран Супер-Научен CARclub Тест за Потрошувачка на Отворено ™  (Прочитано 165029 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Hyundai Tucson Hybrid. Комбинира 1.6 T-GDI со 180 коња со 60-коњски електромотор и мала (1.5 kWh) батерија. Погон на предните тркала, 6-брзински Dual Clutch.

Резултат: 6.4 литри на 100 километри.
Прекрасен резултат за бензин сув.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5550
Не цел литар помалце спрема стандарден турбо Туксон.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Ама затоа 5.5-6.3 низ град.

Турбо Тусон може да сонува за таква потрошња низ град.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13924
Не цел литар помалце спрема стандарден турбо Туксон.

8.5 ќе беше потрошувачката на 1.6 T-GDI на оваа релација, сигурно.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Opel Corsa 1.2 Turbo 100 коња.

Резултат: 5.9

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Како можеше PSA 1.5 дизел у 98ма да вади 5л. со обична бош пумпа и црвена нафта, а денес хибриди турбини вакви онакви инјектори еееееедвај 6л. :(


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Како можеше PSA 1.5 дизел у 98ма да вади 5л. со обична бош пумпа и црвена нафта, а денес хибриди турбини вакви онакви инјектори еееееедвај 6л. :(
Не мешај дизел и бензин, дизелот изворно е многу поефикасен мотор во суштина како дизајн.
Спореди со 1.4 карб цитроен Zx кој трошеше 14, или Поло 1.2 кое трошеше 9, сегашниве хибрид бензини се помоќни, а со потрошња испод Полото.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
@Molec тој дизелот од минатиот милениум, бил под 150NM и забрзувал до 100 за накај 20 секунди, а денешните и тоа бензинци со скромни 1.6 бензински мотори, забрзуваат до 100ка за 7с, а имаат над 300NM...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Конкретново количе е 1.2 XHL (таква е ознаката на моторот кај Opel) турбо-бензинец. 100 коњски сили при 5500 вртежи во минута, 205 Nm од само 1750 вртежи во минута. 6-степен мануелене менувач. Според официјалните бројки, вика 9.9 секунди до 100 и максимални 194 километри на час.

Во реално, секојдневно возење во ниту еден момент не се чувствува спора. Си има доволно торк да си повлече од ниски вртежи и не мора да ја силува човек. Градска потрошња е околу 7.2-7.5 на 100, со цело време клима пуштена. Ако некој се заангажира, сигурно може да ја спушти уште.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Не мислев на Корсата конкретно.....иначе муабетов е потејто потато.....98ма - до денес = 23год....кој е напредокот кај модерните дизели во поглед на потрошувачка? Точно, имаат повеќе моќ ама што правиме со потрошувачката?


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Епа есапи еквивалентен дизел. Дизел со 90 коња од пред 20 години и дизел со 90 коња сега.

Сега имаат дупло повеќе моќ, а трошат помалку.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Пикот е еуро 4, потоа се е џабе зошто се оди во "екологија".

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Има напредок во економичност, ама како што стануваат поекономични така стануваат поголеми и потешки па на крајот имаме статус кво.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Како можеше PSA 1.5 дизел у 98ма да вади 5л. со обична бош пумпа и црвена нафта, а денес хибриди турбини вакви онакви инјектори еееееедвај 6л. :(

Да де ама трошел 5л при 80км/ч пошто на 120км/ч рикал со 3000 вртежи у минута и тешко дека трошел 5. Денес 1.5dci при 120км/ч троши 4.5 во 400 кила потешко возило. Разликата е драстична.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13924
Има напредок во економичност, ама како што стануваат поекономични така стануваат поголеми и потешки па на крајот имаме статус кво.

Па што знам, зависи каква технологија е ставена. Ако се Hybrid-и да, ако е некој поефикасен начин на работа сепак се сведува на технологија и подобрени материјали, нема додадена тежина. Резултатот е намалена потрошувачка. Да додадам на тоа и фактот што новиве возила имаат одличен Cw индекс.

Исто така интересен момент е што ова е крајот на ICE. Оваа генерација на мотори кај сите произведувачи е Swan Song за ICE.

Сите почнаа да ги врзуваат ICE со каков-таков електричен систем (mild Hybrid) за полесно да се префрлат после то на full electric.

Големата побарувачка на батерии, и BMS технологијата ќе ја спушти цената на електричните подоцна.