Автор Тема: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК  (Прочитано 131222 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #180 на: 25 Февруари 2021, 02:41:10 am »
@malinamamun Сочуство за твоето _конкретно_ искуство, ама нема допирни точки со плацови со многу коли кои исто така имаат многу поголеми цени од тие што ти ги спомна.

Не ти е валиден аргументот.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 860
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #181 на: 25 Февруари 2021, 06:21:20 am »
Не може да не ми даде да ја пробам колата што сакам да ја купам.
2 примера
Бевме со другар да бараме точаци, за нас, и за уште 2ца, значи 4 требаше да купиме. Момците во првиот дуќан не ни даваа да свртиме круг пред дуќан, иако му понудивме пари да оставиме цел износ. Во следниот дуќан, дечкото ми го даде неговиот full suspension точак да го возам, чисто да направам споредба. Погодувате кој заработи 2000 еур тој ден.
Во тојота мк, 2 пати одев да купам корола од 13000 еур, ми ги фрла клучевите и вика оди на плац и пробај некоја, малку сме во гужва. Се свртив и си отидов
Добар продавач и да не си бил со намера од кај него да купиш,ќе ти го продаде

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #182 на: 25 Февруари 2021, 06:59:51 am »
Бев во Авто Банда да гледам пасат. На слики топ, во живо топ, супер исперен и мотор и внатре, мислиш нова кола. Го прашав дали може да се направи кругче да се тестира колата дали тресе, да не испушта некои звуци и ако е ОК да викнам мајстор детално да ја провери. Неможело да се тестира доколку не направиш договор со нив да ја купиш, не планирале они после секој да ја перат. По гласот му се познава дека е тешка превара, колку ги фали неговите коли и омаловажува туѓи.

Плац кај што видов само кршови беа Авто Банда. Вака на слики изгледаат топ. Во живо кога ќе ги запалиш ги имаат сите проблеми што може еден модел да ги има :)
Секоја кола што сум ја видел, запалил и провозил имаат скапи дефекти. Проблемот е што ако не знаеш конкретно се моделот што го бираш, нема да знаеш.
Многу внимавање треба.
Автобанда ги посетив неодамна. Реков ајде стално ги гледам по огласи и во близина бев викам ќе одам да ги видам што има, иако немав во план да купам.
Сакав да видам дали има од тој модел што ме интересираше и како изгледа.

Не побарав да возам ништо, бидејќи несакав да им тепам време безпотребно на луѓето. Седнав во 2-3 автомобили и после дојде дечкото( акп се сеќавам добро мислам дека ми понуди да запалам едно ауди но му реков нема потреба)

Ќе се ставам во кожа и на продавач и на купец.
Бидејќи неодамна продавав коли оставени од пријател.
Иако бев многу искрен, и им објаснив уште по телефон која е цената, прво по мала гњаважа ќе те прашаат за последна цена. И покрај тоа што стоеше фиксно, ете пуштав уште 100 евра.
И им велев немојте да доаѓате за поевтино и да си го губиме времето, под тоа не одам

Абе 10 души дојдоа од кои повеќето беа тресо*урци
Еден беше се вртел околу бандажите. Имало малку искривено ( на 16 години кола, бара нови бандажи, и заради тоа не ја зима)
Не ја ни запали колата вика јас може 2000 да ти дадам.

Абе човек зашто доаѓаш воопшто кога ти кажав по телефон.
А далеку од тоа дека бандажите беа искривени и лоши ама ајде.
 

Втор човек дојде провози еден круг.  Супер е ми се допаѓа ќе дојдам понеделник или вторник. Не ја продавај.
Ај што мј утепа време, ниту дојде ниту се јави.
Немаа пари. Па биди искрен бе човеку излажи нешто друго.не ме лажи понеделник вторник.

Трет дојде за другата кола од 2000 евра.
Дојде со еден распаднат опел од 68 година.
Ме моташе 1 саат. 20 пати се сврти околу колата.
Во меѓувреме колата си работи бензин си троши.
На крај ми вика друже ќе ти се јавам за еден саат максимум.
А човеков се гледа дека е гол како стап.
Се разбира дека не се јави.

Дојдоа и уште неколку, ама се беа голтари.
И покрај тоа што со сите бев искрен и се им кажав за колите уште по телефон, они пак ај да проверам не ми е сигурно.
Реално истрошив сигурно еден резервар зафркавајки се, утепав време 3 саати сигурно, а ми дојдоа купци кои се приметуваа дека доопрва требало да собираат пари.


Така да од таа страна можеби автобанда е и во право. Има многу луѓе кои имаат одвишок време за заебанција, па вика ај ќе одам да си се повозам.

Според мене најреално, ако е стварно некој купец,
Извади му ги парите и покажи му ги дека ги носиш, барем дел.

Бидејќи ако само на мене со две коли од по 2000-2500 евра ми дојдоа 10 тресик*рци, можам да замислам што е кај него.

И јас да имам ауди и мерцедеси по 20000 евра, по ова сигурно нема да дадам секој да ги вози.

да бидеме реални, како што купецот прави проценка на продавачот и на возилото, така сигурно и продавачот прави проценка на тебе и увидел дека најверојатно нема да ја земеш.

Се разбира дека неможе секогаш да се погоди кој е вистински купец, но обично и се приметува.

Пак велам треба, да биде некако сигурен и продавачот. Дека купецот стварно е заинтересиран и дека ги има парите за да го купи возилото. Е сега како би се извело тоа и да би имало повеќе самодоверба незнам.
Кога го продавав клиото исто и јас како тебе искрен дури и глуп :) дојде еден таксиста со Мерцедес роскоп и му објаснувам се како што за колата и му викам има и зелен картон,и ми се врти и ми вика што ке ти е зелен картон ова ни до граница не стига(3пати во еден медец бев црна гора скопје)...Му викам дај малце клучот,ми го дава и му викам ај сеа оди си не се продава,се збуни гадот го запали мерцедесот од 3-та и си замина.После него дојде еден дечко  му кажувам што како со колата и ми се врти ми вика колку пари беше?му викам 1900€,вади парите и ми вика ајде на нотар!ни ја запали ни ја проба...Му викам пробај ја прво,не не се гледа поштен и не поштен чоекПред недела дена го видов (поминаа 4 години од тогаш)сеуште го вози клиото до сега освен сервиси редовни немал никаква мака со колата...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #183 на: 25 Февруари 2021, 09:36:58 am »
Сега што бевме по плацеви најдобри и со најголем избор се AutoWelt Кочани. Колите се во реална состојба без шминка и имаш + 500е / 1000е да се среди се тоа. Дечките се многу пријатни и не се нападни како овој од АутоБанда да ти се одмили што си прашал за нешто.

Друг плац што би го препорачал е OMO Скопје ама шминкани се колите и се малце поскапи. Исто многу пријатни.

Делукс Куманово имаат добар избор али историја на автомобилите не се знае и треба некој асален мајстор се да прегледа убаво. Позади плацот што продаваат имаат паркинг со убаво исчукани коли од сообраќајки и малце остава лоша слика.

Дали AutoWelt дозволуваат тест возење? :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #184 на: 25 Февруари 2021, 09:47:49 am »
Правете разлика во тоа дали е регистрирана колата што барате да се проба. Ако не е регистрирана, нема ни пробна табличка - многу е нормално да неможе да се „пробува“ кола. На пример некои си држат регистирани коли, седни вози. Некои ги држат нерегистрирани колите. Ама да се љутите ако не ви дале да возите нерегистрирано возило нема никаква логика. Тие одговараат за него.

Ако е регистрирана, а не даваат - тоа е веќе многу различен муабет.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #185 на: 25 Февруари 2021, 09:54:48 am »
Правете разлика во тоа дали е регистрирана колата што барате да се проба. Ако не е регистрирана, нема ни пробна табличка - многу е нормално да неможе да се „пробува“ кола. На пример некои си држат регистирани коли, седни вози. Некои ги држат нерегистрирани колите. Ама да се љутите ако не ви дале да возите нерегистрирано возило нема никаква логика. Тие одговараат за него.

Ако е регистрирана, а не даваат - тоа е веќе многу различен муабет.

mi go zema zborot  :)
sepak, proba vo auto imola prvicno mi bese dozvoleno samo niz plac
posle serioznata zainteresiranost i vtoro doagjanje so majstor,
na tretoto doagjanje i finalno preciziranje na cenata samiot sopstvenik mi rece e sega jas ke ja odvozam po trotoar 100 metra i tuka pozadi ima ogromen parking da ja probas ubavo da se uveris deka e dobra kolata pa ako ispadne nesto sum te izlazal ne ja kupuvaj slobodno.

Присутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #186 на: 25 Февруари 2021, 10:11:23 am »
Дали AutoWelt дозволуваат тест возење? :D

Дозволуваат. Скоро сите плацеви имаат некое кругче околу нив по некој стар пат или паркинг да се проба колата.

Инаку не ја разбирам поентата да купиш кола од гледање. 5 минути кругче нема да каже многу за колата ама може да се слушне / осети нешто. Ако си решил да продаваш кола ке мора да се расправаш со секакви, сепак не се малце пари. Изгорени сме ние од сите страни преваранти и на збор не се верува.

Јас мојата ја продадов пред некое време и кога дојдоа да ја гледаат им дадов клучеви и нека возат кај сакаат, тоа е пазарот. Може имав среќа што ја продадов брзо, ама бев спремен на секакви, прашував и во полиција ако му дадам на некој кола да вози и не ја врати што тогаш. :D

Присутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #187 на: 25 Февруари 2021, 10:27:47 am »

да бидеме реални, како што купецот прави проценка на продавачот и на возилото, така сигурно и продавачот прави проценка на тебе и увидел дека најверојатно нема да ја земеш.

Се разбира дека неможе секогаш да се погоди кој е вистински купец, но обично и се приметува.


Од тоа си патиме ние балканиците, како другите ке не оценат. Ако немаш скапо одело неможе да отидеш да гледаш Ауди да си купиш. Ако  немаш скапа брендирана облека неможе да влезеш во скап бутик итн. А најчесто тие што носат скапа облека и возат скапи коли до гуша се заглавени по кредити, ама комшијата е одушевен.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #188 на: 25 Февруари 2021, 10:59:47 am »
Jas edno zaprimetiv vo pozitivna smisla okolu licna prodazba na vozilo. Koga go prodavav puntoto go pustam vecerta na reklama5 ama zakaciv link od carclub temata kaj sto pretstaveno vo vozila na clenovi. Sabajleto izlaga oglasot mi vrti decko da dojdam da go vidam. Tipceto ne ni ja zapali kolata pikna glava vnatre svrte eden krug okolu i mi vika ajde na notar. Ni cena ni butur. Mu vikam eve ti klucevi da ja zapalis provozis mi vika procitav na linkot sto trebase vidov sto trebase dovolno mi e. Sve toa se desava za nekoj 5 min.
Se gledame posle godina dena slucajno mu vikam kako kolata samo mi rece alal da ti se parite.
Cenata bese ramno 2000 a po oglas puntovci imase po 1500 so lopata da gi rines.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1481
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #189 на: 25 Февруари 2021, 11:03:41 am »
прашував и во полиција ако му дадам на некој кола да вози и не ја врати што тогаш. :D
Мора да се надоврзам на муабетов - што ако купецот додека прави тест вожња, направи сообраќајка во која он е крив ?
Мислам дека никако неможеш да го обврзеш да ја покрие штетата, а може и грешам.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #190 на: 25 Февруари 2021, 11:10:15 am »
Дали AutoWelt дозволуваат тест возење? :D

Дозволуваат. Скоро сите плацеви имаат некое кругче околу нив по некој стар пат или паркинг да се проба колата.

Инаку не ја разбирам поентата да купиш кола од гледање. 5 минути кругче нема да каже многу за колата ама може да се слушне / осети нешто. Ако си решил да продаваш кола ке мора да се расправаш со секакви, сепак не се малце пари. Изгорени сме ние од сите страни преваранти и на збор не се верува.

Јас мојата ја продадов пред некое време и кога дојдоа да ја гледаат им дадов клучеви и нека возат кај сакаат, тоа е пазарот. Може имав среќа што ја продадов брзо, ама бев спремен на секакви, прашував и во полиција ако му дадам на некој кола да вози и не ја врати што тогаш. :D
Што ти рекоа, што тогаш?

Присутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #191 на: 25 Февруари 2021, 11:16:17 am »
Што ти рекоа, што тогаш?

Да си седам со него во кола. :D

прашував и во полиција ако му дадам на некој кола да вози и не ја врати што тогаш. :D
Мора да се надоврзам на муабетов - што ако купецот додека прави тест вожња, направи сообраќајка во која он е крив ?
Мислам дека никако неможеш да го обврзеш да ја покрие штетата, а може и грешам.

Иде ДунаФ е тогаш. Ама што можеме тука... :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10969
  • 430i
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #192 на: 25 Февруари 2021, 12:19:41 pm »
Мене во ОМО ми дадоа да ја пробам Алфата, секако тоа беше пресудно и ја земав.
Од ОМО, Качанички, обиколница, назад.

А и други ја пробале пред мене ;D

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5051
  • The Spartan General
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #193 на: 25 Февруари 2021, 12:27:23 pm »
Мене во ОМО ми дадоа да ја пробам Алфата, секако тоа беше пресудно и ја земав.
Од ОМО, Качанички, обиколница, назад.

А и други ја пробале пред мене ;D

А за крај ти беше тој што и купи ламела и замаец.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #194 на: 25 Февруари 2021, 13:26:31 pm »
Мене во ОМО ми дадоа да ја пробам Алфата, секако тоа беше пресудно и ја земав.
Од ОМО, Качанички, обиколница, назад.

А и други ја пробале пред мене ;D
Ехе, пробувана е твојата, пробуванаааа... ;D


BTW, и јас коливе без проба не сум ги земал.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.