Автор Тема: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК  (Прочитано 128780 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
“Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« на: 02 Август 2017, 02:36:52 am »
Не успеав да најдам ваква тема, најчесто по рандом теми се спомнува “го посетив овој плац, избегнувајте го, само кршеви има“.

Споделувајте плацеви кои сте ги посетиле или сте имале искуство, без разлика дали добро или лошо.

Мислам дека темава ќе е од помош на доста луѓе.

Еве јас да прашам за мислење за овие, нонстоп ми излагаат на facebook, а навидум имаат интересни возила:

https://www.facebook.com/autoplaczazo/
https://www.facebook.com/Automobile.com.mk/

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #1 на: 02 Август 2017, 10:52:34 am »
Ауто мобиле носи салам коли е сеа малце се поскапи од другите ама барем се салам, ако ти фати око некоја кола кај него кажи ке направиме попуст :)

Sent from my F5 using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #2 на: 02 Август 2017, 11:03:29 am »
Од тоа што ми посочиле Аутовелт Кочани се одлични и генерално се задоволни луѓето што земале од таму.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #3 на: 02 Август 2017, 11:06:05 am »
Имам пријател купи кола од ауто велт освен сервиси друго и нема пипнато а ја утепа од возење. Само треба да имаш голем буџет пошто немаат кола испод 10000€


Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3064
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #4 на: 02 Август 2017, 11:34:33 am »
Од тоа што ми посочиле Аутовелт Кочани се одлични и генерално се задоволни луѓето што земале од таму.
И јас истото го имам слушнато.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13873
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #5 на: 02 Август 2017, 16:55:51 pm »
Јад колата ја зедов лично од газдата на Ауто Велт :)

Нема компромис со колите! Секоја чест!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #6 на: 02 Август 2017, 20:34:45 pm »
Nekoe mislenje za avtobanda vo pintija

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #7 на: 02 Август 2017, 21:32:36 pm »
Имам пријател купи кола од ауто велт освен сервиси друго и нема пипнато а ја утепа од возење. Само треба да имаш голем буџет пошто немаат кола испод 10000€



Значи сеуште постојат луџе(човеци шо би рекол С.А) шо веруваат во преварите на автоплацевите.Одамна е зборено и е разбиен митот кој плац на каков начин успева и прави ‘превара‘,така е зборано и за тој од Кочани алто велт мелт како и да е.
Ама не,пусто глупо македонче мисли дека баш тој направил баш најдобар дил од сите и зато е преебан.

Па тука ке се јават куртони шо купиле кола од некаде и одвај во 10г поминале 100км(читај со букви сто километри) и ке паламудат како тие одбрале од каде да купат шо да купат и дека не се преварени.

Бог да чува.
п.с И Иван Исцелителот :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #8 на: 02 Август 2017, 21:35:15 pm »
Темава е баш затоа. Па да чуеме кој што знае. Баш за тие превари праша човекот. Кои превари ги правеле кои плацови?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #9 на: 02 Август 2017, 21:44:44 pm »
Е сега,јас не сум некој шо се замара 24/7 со компјутери и шо ги знае муабетите на форумот во која тема и на која страна се наоѓаат...Исто така едни те исти теми се повторуваат по 100 пати така да немам ниту време ниту нерви да се заамрам,барем не јас лично,ко воли нек изволи.

п.с На Македончето(можи згрешив оти со големо М напишав) колку и да му кажваш дека згрешило или дека ке згреши џабе е...Остај го нека се еби во газот пцојсан(шо би рекле Демир Хисар-ци) и гледај сеир,пошо колку и да му кажуваш дека греши џабе е,џабе и џабе е...

п.пс...ако некој баш сака некој поконкретен одговор околу алто велт нека побара низ темите на форумот,или нека го контактира членот Џо(Dzo) тој баш имаше искажано мислење...А и можи да спореди цени тука и во Германија,тоа баш сега е лесно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10425
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #10 на: 02 Август 2017, 23:14:12 pm »
Демек никако кола на старо од автоплац?
Мада со 10к еур. би зел нова кола. Ма фичо нека е, ново е, под гаранција, сервис обезведен итн... Додуша си има батал луѓе ок му е да му чкрипи, да му трокира да му се распаѓа битно марка возел... ај за 10к може ќе се најде солидна по скромна кола, али за 2000 еура мало сутра... за 2000 евра може точак добар да се најде, за кола неверувам. А сите сакаме ем ефтино да поминиме ем колиште да возиме.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8114
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #11 на: 03 Август 2017, 09:19:16 am »
Јас ќе ти дадам солидно колиште за нешто над 2000 евра.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #12 на: 03 Август 2017, 10:15:01 am »
Другарче имаат до сега земено Passat B7, Audi Q7, Caddy, Crafter, Polo, сите се купени од аутовелт Кочани со по околу 120,000км и сите до сега имаат поминато по најмалце 100.000км тука, со ниедна немало никаков проблем, купени се во период од 2013-2016, секоја различно и со различно годиште, зошто би ризикувал и би заглавувал толку човекот ако не му чинат колите, во секој момент има 100 на лагер и уште можеби 100 во Германија. За тие пари да имаш нова кола, ама од друга страна купуваш Пасат Хајлајн 2год стар со 120,000км со вебасто со чуда што можеби никогаш нема да ги искористиш за 16к евра, што коштал 2год порано 40к евра, има разлика...

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1109
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #13 на: 03 Август 2017, 10:24:05 am »
Тикан, купив кола од таму, уше кога беа Момин Поток во влае, задоволен. Од велес аутоалекс,  задоволен исто. Е сега се наоѓааат и крш и добри коли. Имаш секакви возила. Не можеш да очекуваш 10 години стара кола , па макар и VW и BMW да е како нова. Македонче очекува да кола 10 години стара му се понаша како нова. Е не иде.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #14 на: 03 Август 2017, 10:46:40 am »
Авто Алех Велес прилично со надворешни забелешки по колите,со височки цени
Оли мобил Велес некако шмиќерија ми стои

Sent from my GT-I9301I using Tapatalk