Бев во Авто Банда да гледам пасат. На слики топ, во живо топ, супер исперен и мотор и внатре, мислиш нова кола. Го прашав дали може да се направи кругче да се тестира колата дали тресе, да не испушта некои звуци и ако е ОК да викнам мајстор детално да ја провери. Неможело да се тестира доколку не направиш договор со нив да ја купиш, не планирале они после секој да ја перат. По гласот му се познава дека е тешка превара, колку ги фали неговите коли и омаловажува туѓи.
Плац кај што видов само кршови беа Авто Банда. Вака на слики изгледаат топ. Во живо кога ќе ги запалиш ги имаат сите проблеми што може еден модел да ги има
Секоја кола што сум ја видел, запалил и провозил имаат скапи дефекти. Проблемот е што ако не знаеш конкретно се моделот што го бираш, нема да знаеш.
Многу внимавање треба.
Автобанда ги посетив неодамна. Реков ајде стално ги гледам по огласи и во близина бев викам ќе одам да ги видам што има, иако немав во план да купам.
Сакав да видам дали има од тој модел што ме интересираше и како изгледа.
Не побарав да возам ништо, бидејќи несакав да им тепам време безпотребно на луѓето. Седнав во 2-3 автомобили и после дојде дечкото( акп се сеќавам добро мислам дека ми понуди да запалам едно ауди но му реков нема потреба)
Ќе се ставам во кожа и на продавач и на купец.
Бидејќи неодамна продавав коли оставени од пријател.
Иако бев многу искрен, и им објаснив уште по телефон која е цената, прво по мала гњаважа ќе те прашаат за последна цена. И покрај тоа што стоеше фиксно, ете пуштав уште 100 евра.
И им велев немојте да доаѓате за поевтино и да си го губиме времето, под тоа не одам
Абе 10 души дојдоа од кои повеќето беа тресо*урци
Еден беше се вртел околу бандажите. Имало малку искривено ( на 16 години кола, бара нови бандажи, и заради тоа не ја зима)
Не ја ни запали колата вика јас може 2000 да ти дадам.
Абе човек зашто доаѓаш воопшто кога ти кажав по телефон.
А далеку од тоа дека бандажите беа искривени и лоши ама ајде.
Втор човек дојде провози еден круг. Супер е ми се допаѓа ќе дојдам понеделник или вторник. Не ја продавај.
Ај што мј утепа време, ниту дојде ниту се јави.
Немаа пари. Па биди искрен бе човеку излажи нешто друго.не ме лажи понеделник вторник.
Трет дојде за другата кола од 2000 евра.
Дојде со еден распаднат опел од 68 година.
Ме моташе 1 саат. 20 пати се сврти околу колата.
Во меѓувреме колата си работи бензин си троши.
На крај ми вика друже ќе ти се јавам за еден саат максимум.
А човеков се гледа дека е гол како стап.
Се разбира дека не се јави.
Дојдоа и уште неколку, ама се беа голтари.
И покрај тоа што со сите бев искрен и се им кажав за колите уште по телефон, они пак ај да проверам не ми е сигурно.
Реално истрошив сигурно еден резервар зафркавајки се, утепав време 3 саати сигурно, а ми дојдоа купци кои се приметуваа дека доопрва требало да собираат пари.
Така да од таа страна можеби автобанда е и во право. Има многу луѓе кои имаат одвишок време за заебанција, па вика ај ќе одам да си се повозам.
Според мене најреално, ако е стварно некој купец,
Извади му ги парите и покажи му ги дека ги носиш, барем дел.
Бидејќи ако само на мене со две коли од по 2000-2500 евра ми дојдоа 10 тресик*рци, можам да замислам што е кај него.
И јас да имам ауди и мерцедеси по 20000 евра, по ова сигурно нема да дадам секој да ги вози.
да бидеме реални, како што купецот прави проценка на продавачот и на возилото, така сигурно и продавачот прави проценка на тебе и увидел дека најверојатно нема да ја земеш.
Се разбира дека неможе секогаш да се погоди кој е вистински купец, но обично и се приметува.
Пак велам треба, да биде некако сигурен и продавачот. Дека купецот стварно е заинтересиран и дека ги има парите за да го купи возилото. Е сега како би се извело тоа и да би имало повеќе самодоверба незнам.
Кога го продавав клиото исто и јас како тебе искрен дури и глуп дојде еден таксиста со Мерцедес роскоп и му објаснувам се како што за колата и му викам има и зелен картон,и ми се врти и ми вика што ке ти е зелен картон ова ни до граница не стига(3пати во еден медец бев црна гора скопје)...Му викам дај малце клучот,ми го дава и му викам ај сеа оди си не се продава,се збуни гадот го запали мерцедесот од 3-та и си замина.После него дојде еден дечко му кажувам што како со колата и ми се врти ми вика колку пари беше?му викам 1900€,вади парите и ми вика ајде на нотар!ни ја запали ни ја проба...Му викам пробај ја прво,не не се гледа поштен и не поштен чоекПред недела дена го видов (поминаа 4 години од тогаш)сеуште го вози клиото до сега освен сервиси редовни немал никаква мака со колата...
Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Хаха во право си тотално. Всушност секогаш е така. Има тресо*урци кои нема да купат никогаш и луѓе кои купуваат.
Овие првите таканаречени тресо*урци покрај тоа што највеќе пробуваат и нема да купат, сега се издвоија на два дела.
Па така има тресо*урци со пари и 85% од нив без пари. Дошол да се провози и да си го утепа времето.
Убаво е за продавачи тие да ги распознаваат, и воопшто да не им дадат ни да се качат во кола.