За западен балкан да, апсолутно си во право, особено во делот каде што ради балканциве морале производителиве да се покажат со ниска потрошња и преку нивниот акциски план 3-6-9 веднаш ги понудија 3-цилиндрашиве, зошто инаку банкротираа без нас.
Модерен дизел е се поскап да се произведе, поради се поради по-стриктни еуро норми. Нема економска логика повеќе да се нудат дизели во оваа класа на автомобили, па да не зборам за овие од класа на поло/фиеста итн. Многу повеќе се инвестира во турбо бензиска технологија зошто е многу полесно да се справат со сите еуро норми на загадување. Сакаш да возиш дизел во голф, ќе си платиш дебело. За 5 години ќе биде интересно, дали ќе се нуди воопшто дизел во оваа класа. Неможе компакт класа да се продава по цена повисока од таа што треба да биде.