Здраво другари,
нов сум на форумот и веќе поминав неколку часа читајќи постови околу купување на нов автомобил. Научив многу, но не најдов многу сличен/актуелен пост со ова подоле.
Сакам да купам нов автомобил од компакт(голф) класата, исклучиво дизел, со средно ниво на опременост.
Под средно ниво на опременост меѓу другото подразбирам:
- Алуминиумски фелни
- Паркинг Сензори
- Климатроник
- Интерактивен систем со конекција за смартфон.(Блутут, СД, УСБ)
- Команди на Волан
Веќе погледнав 3 автомобили во салон, и еве ги моите впечатоци:
1) Голф 1.6 ТДИ 115КС Комфортлајн (19.400 ЕУР понуда без тест возење и без ценкање)
+ има се од горенаведената опрема.
+ споредено со другите добар квалитет на материјали во внатрешноста
- Прескап, не знам како да се ценкам и дали е можно да стигнам блиску до 18000
- 2 пати се јавувам за тест возење и ми велат да се јавам за неколку дена, бидејќи возилото им било на службен пат
2) Сеат Леон 1.6 ТДИ 90КС (акција 16300 Еур со металик боја )
+ атрактивен надворешен изглед
+ прифатлива цена
- низок квалитет на употребени материјали во внатрешноста
- нема ал. Фелни, послаб мотор од Голфот, ниту паркинг сензори.
- генерално многу се разочарав од внатрешноста.
3) Шкода Октавиа 1.6 ТДИ 115КС (цена околу 18000 Еур, второ ниво на опременост, чекам на понудата по емаил, бидејќи ги фатив во 17:50 во салон пред затворање)
+ огромен багажен простор (веќе класа поголема) //Шкода Рапид не ми прави мерак
+ слична опременост со Голфот, но без паркинг сензори
- употреба на поефтини материјали споредено со Голфот.
Имате ли предлог други модели што би се совпаѓале во овие критериуми?
Каде можам да најдам совети за како да извлечам подобра цена?
Читав само добри работи за Хјундаи и30, но гледам дека новиот модел сеуште не е достапен кај нас.
Генерално, не сум фан на француски брендови.
Фала ви за помошта!