Ќе видам утре што ќе произлезе, а не би оставил и туку така да сменат, пошто сум 100% сигурен дека нема да го сменат.
Јас сум крив веднаш што не забележав, а Симо да не пишеше ќе видов кога ќе средував документација.
А имам канал, најдобро сам да си правам сервис и мирна глава, ама неее овластен...
Зашо крив? Го имаш секое право да се вратиш во овластен и да бараш масло препорачано од производителот, парите назад, кафе, и масажа дур чекаш да ти го сменат..
Зошто е битно дали у моментот си го видел маслото? Нивна вина е и тие се одговорни да го сменат. Ако се фер ВЕДНАШ ќе ти речат да им отидеш да го сменат.
Сакам речам, овластен е тоа, не е твој збор против негов или маалски муабети. Не се устручувај да им запнеш малку..
Тоа за нив е бизнис, „само“ уште една кола од 10те - 20те закажани дента, а за тебе е нешто повеќе од „6500 денари фактура“.