Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)  (Прочитано 151100 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #315 на: 10 Февруари 2018, 18:56:40 pm »
Ти го префрлиле попустот на полисата што си го имал на претходната кола.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #316 на: 09 Март 2018, 09:58:39 am »
Истото и мене ми се случи...се почудев како толку поефтино искочи...до попустот било :)


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #317 на: 09 Март 2018, 10:11:05 am »
Тууу јас за тракторот повеќе платив последна регистрација.
Ама имав таблици и сообраќајна.

Како и да е.
120кс исто со 240кс.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #318 на: 02 Април 2018, 00:58:54 am »
Прв пат денес се возев во турбо бензин. Оди скоро како ТДИ, убава е колата, јас седев назад, и и фалат рачки за држење кога имењакот ја гази машки :)
Да е моја добива издув и ремап под итно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #319 на: 02 Април 2018, 09:47:41 am »
Тууу јас за тракторот повеќе платив последна регистрација.
Ама имав таблици и сообраќајна.

Како и да е.
120кс исто со 240кс.

На скопски си сега бе? :D

Мене со се зелен картон ми излезе 24000 (таблици, сообраќајна, регистрација и зелен) ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #320 на: 02 Април 2018, 10:14:27 am »
Јес. Скопски.

За Алфата те фати 24 000?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #321 на: 02 Април 2018, 10:37:09 am »
Заедно со тие на татко му шо ги има ставено во потпис :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #322 на: 02 Април 2018, 10:53:52 am »
Ти го префрлиле попустот на полисата што си го имал на претходната кола.

E...може ова? И како?
Јас имам максимален попуст на Калибрата бидејќи не сум учествувал во сообраќајка откако е купена. (11.000 ми е без зелен куртон).
Астрава ми е за регистрација сега во Мај...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #323 на: 02 Април 2018, 11:29:12 am »
Мислам дека тоа важи ако ја продадеш калибрата па го префрлаш попусотот на новата кола.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #324 на: 02 Април 2018, 11:32:50 am »
Неможеш од калибрата. Не се мачи.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #325 на: 02 Април 2018, 11:36:48 am »
Ти го префрлиле попустот на полисата што си го имал на претходната кола.

E...може ова? И како?
Јас имам максимален попуст на Калибрата бидејќи не сум учествувал во сообраќајка откако е купена. (11.000 ми е без зелен куртон).
Астрава ми е за регистрација сега во Мај...

Во иста година треба да ја продадеш старата и да купиш друга кола-во тој случај ти се префрлува попустот

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #326 на: 02 Април 2018, 13:18:17 pm »
Денес денот го искористив за да го сменам зимскиот сет гуми и малку да ја заплакнам под мишки Џули.
Зимскиот сет го возев од 1-ви Декември и со него поминав 3.980 км.

Не сум ги искоментирал до сега гумите, Барум Поларис 3 во димензија 225/45-17 па после извозена една сезона да споделам искуство.
Гумите се одлични и ги надминаа моите очекувања во клима каква што имавме зимово. На влажен коловоз влеваат поголема доверба отколку на суво. На суво при појако кочење знаеше се активира АБС (вкупно 2 пати), на влажно тоа не се случило без разлика како сум закочил. На снег многу малку беше возена без можност за посаглам тестирање, ама немаше никаков проблем да излезам од двор на подмрзната нагорнина или да се снајдам еднаш на Маврово и еднаш Крушево. Без никакво двоумење се движеше во сакан правец.

Како посебност на гумиве ќе ја издвојам бучноста, односно тивкоста. Не сум возел потивка гума (мислам дека се потивки и од Контито), без разлика при која брзина. Удобна истотака. Барав средна класа гуми, овие не знам дали се водат какјо буџет или не, ама тврдам дека се подобри и од Нокиан ВРД3 и од Данлоп Винтерспорт 3Д кои претходно ги имам возено.

Да не билдам постови, а имам тро време, па да обележам дека на утрешен ден се навршуваат 365 дена од како ја земав колата.
До овој момент имам поминато 12.237км. Во овој период, веќе поназад беше дискутирано дека колата не е излезена од сервис. Од тој муабет па навака извршен е уште еден редовен сервис и овој денес за промена на гуми, кој ја исто го водам како сервис.

КОличето е дојка  и е право уживање за возење било каде и било кога. Возам фамилија, 3 деца + чат пат пес, и до сега да куцнам во фелна, не ме изневерила или па некој се пожалил на неудобност или слично. Уствари, вчера се пожалија @Спенсер , @osmica8 и @МАРЈАН дека немало рачки позади, а јас за воља на вистината не сум приметил, ваљда пошто клинците и онака не може да дофатат до горе.

Не е толку тешко да се живее со АЛфа како што некој љуби да дискутира, а подалеку од 1.9ТДИ не видел. Си има маани и сега ќе ги споделам, нема да ги туркам под тепих. Башка ќе има подлога за регулар експерти и хејтери да има за што да се фатат.

Механички не сум ималпроблем, освен што кога залади почна да се јавува некое крцкање кое мое уво велеше дека доаѓа од напред, подвозје. КОга го правев сервисот им кажав да проверат и да ми кажат ако може да установат за што станва збор. Крцкањето се губеше кога возев на влажен коловоз и после перење, што ми укажуваше дека некоја  гумица ваљда прави проблем. Во сервис нормално ми кажаа дека почнало да јавува луфта на аксијално лежиште на долно раме и ми дадоа понуда за нови по цена од нешто над 24.000. Претходно колата беше проверена и кај Тихо и Жаре и двајцата заклучија дека подвозјето е ново и нема што да чепкам. Мене ме нервираше, земав туба силикон спреј и на канал ги утопив буферите и на рамењата и на балансштагла. Од тогаш (околу 2 месеца), глува соба е во кола.

АКо не ми штимало нешто на кола, обично сум отварал на алфисти форумот за да видам искуства, па покрај горе она со буферите, кое требало да се јави многу порано, кај мене супер издржало, мои забелешки се и следниве.

Задниот бришач никогаш не запира во позиција 0. Го уклучуваш, брише, го гасиш и он ќе си застане кога ќе реши во следните 3 секунди, во позиција во која ќе си реши. Стандард си било така. Јас го научив и после 3 пребришувања знам да го погодам и исклучам во позиција 0.

Фиокичката напред стандард се зезнувала и се кршело тоа курето. Успеав да ја фиксирам вратичката и не пробувам да ја отворам.



Откажа задниот тастер за отварање гепек. Може е до мене, не до колата, пошто и на леонот ми откажа исто.



Ме изненади што очекував во кола од овој калибар да нема имитации на алуминиум и слично, ама за жал и тука ги има, ги постирав и кај леонот во неговата тема. Па така, совозачката квака почна да се лупи и рачката од менувачот почна да се лупи. Со тек на време ќе ги сменам.





И това би било. КОлата тера осма година и можеби е време да покажува замор на одредени материјали.

Уште си свети по една летна и зимска сезона што значи @dame фино ја средил лани. Колку и да ја пазам, стално ќе се најде некој КС во СитиМол што ќе ме поздрави и потсети дека колава е направена од лим.











Она што е најважно, јас си ја сакам повеќе од првиот ден кога ја земав. Ме тера, во недела вечер во 1 по полноќ да ја свртам до Водно и обиколница, ме тера да не се замарам дали овој резервоар ќе биде 13 или 10 и да од точка А до Б јас ја бирам рутата А А1 А2 А3 Б. Је би га, ствара завист и влага под кожа.   



Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #327 на: 02 Април 2018, 13:49:53 pm »
Тоа пластиките им се најслаба точка на Итаљаниве. Поготово рачката од фиоката и возачкиот сунцобран. Ама како коли ептен влагаат под кожа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #328 на: 02 Април 2018, 14:30:27 pm »
Преубаво количе.
Убава вожња покрај спортското подвозје и преубав мотор.

Малку ме разочара штедењето на материјалите во ентериерот.
Пластика насекаде.
Тврда пластика.
На пример. Џеповите во вратите се направени од пластика..... танка. Внатре се е пластика. Кај мене во постариот модел се е меко и обложено со материјал.
Исто така другите делови на врата се кај мене со меки материјали или текситил.

Нема рачки за држење. :)

Исто така сега гледам дека рачките на предните врати и рачката на менувачот не се од Алуминиум. На мојата тие се од алу.

Како и да е........ интересен пакет.

Кога ќе ја возам ќе пишам повеќе.
:)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #329 на: 02 Април 2018, 14:35:58 pm »
Јес. Скопски.

За Алфата те фати 24 000?

BMW-то.

За момент не сфатив дека се работи за рефлексија



;D