Ако е инцидентно и ти треба за роад трип, донекаде држи вода. А и те разбирам за врткањето у Скопје. И ја кружам у 3-4км секој ден и многу е подобро коа имаш градско возило и не се замараш со брод низ скопскиве улици.
Јас, лично, би ги дал тие 6000 у старт и би се мачел со октавијата пре него да ја рентам. А дека, после 10 години ќе ги имаш тие 6000 евра потрошено на амортизација, точно е.
Ќе ја купиш октавијата 15800 рецимо, ако е 1.4 тси , и ќе ја шитнеш 6000 после 10 години.
Шо знам.
Давам 6000 евра учество, купувам Октавија. 9800 ги плаќаш на рати 6 години. Без камата ти е 1633 годишно, со камата нека бидат 1800.
6000+6х1800=16800 за 6 години додека не ја исплатиш колата.
Ако ја продадеш после 6 години, ќе ја дадеш за 7000 евра. Си изгубил 16800-7000=9800 евра
Ако во тие 6 години си рентал Октавија по 15 дена годишно кога реално си имал потреба, ќе си плател 15х50х6=4500 евра.
И во двата случаи се возиш со Октавија, во првиот случај си опрчил 16800 бруто, и си изгубил 9800 при продажба.
Во вториот случај си потрошил 4500 евра.