@zlatkoa 50-60 денари на ден Или еу...,? За 1000-че (еу) ќе најдеш караван 95-6та кој после и 500 да го продадеш пак ти испаѓа поефтино
Јас по слабо се маткам низ град т.е. кога има услови ( не врне ) почесто пешадија/точак... секако зависи од дестинацината, потребата, а и работата која ја бркаш...
Ако работиш некоја канцелариска работа на пример 2 пати дневно ќе го возиш аутото до работа и назад и не би требало да ти менува многу дали е хеџ или караван... Сега секој си има различни потреби, различни примципи, различни погледи...
Во евра се цените ги поправив.
Ако годишно одам еднаш во перод од 10 дена на дестинација која ќе ми треба голема кола, ќе платам 500-600 евра и ќе возам нов пасат, или октавија. После 10 дена ја враќам назад и не му ја мислам.
10 години да го правам истово, секоја година, ќе потрошам 5000-6000 евра и цело време ќе возам нов Пасат или Октавија, и не се замарам околу гаража, паркинг, регистрација, сервис, одржување, гуми, перење.
Ако денес купам, макар и половен Пасат ќе фукнам 15000 евра, ќе го мислам за горе наведените моменти, и за 10 години ќе го продадам за 3000 евра. Загуба 12000 евра.
Мене да рентам кола кога ќе ми треба ми е посиплатливо, отколку да ја имам во гаража за недај боже ќе затреба.
За останатото време ќе возам микро градски возила и ич не ми чуе.
Тоа е мое размислување и не мора да се согласи секој со тоа.
Не ми е јасно како ти е логикава издржана, но сите имаме своја, нели. Барем коа се работи за кола.
Сеа, да речеме дека фиеста, поло, корса, сеедно, кошта ново околу 10 илјади еу. Даваш уште 6000 на кредит или лизинг и цело време возиш октавија. Не само 100 дена ( под услов да ја експлоатираш 10 години што е реално).
А ако даваш 600 еу за рентакар за одмор, иди со авион ко човек. Ма да знам дека е кеиф да се вози пасат, макар и 10 дена.
На одмор до Грција идам со Фиестата, ако е подалеку нормално идам со авион.
Да речеме идам кај пријатели или на road trip низ Европа. Зашто да идам со авион? Зашто да идам со Фиеста? Рентам, шетам ја враќам.
Од 365 денови во годината 30 денови идам на некаков "одмор" во или надвор од Македонија. Да речеме 10-тина дена ќе отидеш некаде со авион, другите 20 дена ги поминувам или со Фиеста или со рент-а-кар.
Трошокот ми е фиксен, предвидлив. 500 евра за 10 дена.
Ако земам "големо" возило на лизинг, трошокот ми е повеќе од 500 евра годишно. После 10 години возилот не вреди ни 30% од цената која сум ја платил. Плус камати за кредитот, лизингот. Возилото ќе мора да го моткам секој ден низ Скопје, и да го "хранам" како член од семејство.
Мене ми е сосема логично да го правам тоа што го правам, секогаш кога ми треба голема кола рентам, возам нова кола, а за реалните 90% од потребите имам две градски возила кои не сум ги купил нови и за кои не сум платил лизинг или кредит.
Немам мерак да возам Пасат го возам затоа што ми треба гепекот, можеби и комоцијата за подолги патувања.
За истите пари за изнајмување Пасат во Македонија, во Германија имам рентано Е класа, Голф ГТИ. Кога веќе рентам кола, бирам тоа што ми прави ќеиф во моментот и тоа што ми ги задоволува потребите.