Мислам дека треба да дефинирате боље што е „остануваат чисти 1000 евра“, зошто
@balanar во својот пример кажува дека чисти му остануваат ХХХ евра по платен кров над глава и сметки за живеење во истиот.
За мене „чисти 1000 евра“ е кога ќе го преживеам месецот и имам 1000 евра неискористен доход за инвестиции, предвремена отплата на кредит (ако имам), заштеда, ќеиф.
Ако е првиот случај, има многу луѓе во Македонија на кои им остануваат „чисти“ 1000 евра. Само треба да имаш свое исплатено или наследено живеалиште, и да платиш 100-150-200 евра сметки за истото. Тоа се постига со две плати од по 600, само кога обично се две плати во игра, има и деца, а тие „чистите“ пари брзо стануваат планирани за све и свашта во месецот.