Централното градско подрачје треба еднаш засекогаш да се затвори за автомобили, камиони и сè што загадува, бучи и го прави градот неподнослив. Таму треба да гравитираат само точоци, мотори, тротинети и пешаци — како што е во сите светски метрополи. Време е центарот да се ослободи од натрупани коли и асфалт, да се извади целиот тој бетонски мрак и да се постават бекатон коцки, зеленило, цвеќиња, фонтани, вода да жубури, да има живот, движење, убавина и мир.
Да се создаде простор каде што ќе се слуша гласот на народот, детска смеа и музика од улични свирачи, а не звукот на мотори, сирени и возила што блокираат сè живо. Центарот треба да биде место за луѓе, за прошетки, култура, дружење, трговија, ресторани и кафулиња, а не депонија од паркинзи.
Кој сака со кола — нека оди надвор од центар, таму има доволно место за паркинг. Центарот мора да се спаси од гушење и да стане пример како изгледа современ, европски и човечки град. Ако некој не сака да ги почитува правилата, тогаш нека ја продаде колата или нека плати казна — едноставно е: или почитувај или казна, за да дојде еднаш памет кај сите.
Герасимовски, ако читаш — применувај!!како умееш и знаеш за тоа плата зимаш ако не ми печаловници од страна што сме виделе живот да примене како треба очигледно вие надлежни не излегувате од Македонија па не знаете како!!