Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1997578 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11970 на: 15 Декември 2021, 13:26:10 pm »
Да, сеа декември е реално најзафркнат месец. 2018 имавме 3 саати Сонце. Три факин саати. Не беше ладно колку што беше облачно.

Снег малтене немавме (Малме).

Е ветер колку ти душа сака. Да те поткрени :)

Убавината на северот е што денот НАГЛО после тоа зголемува. Веќе во март месец е како кај нас мај:) зборам за денот колку е голем, па имаш Сонце колку сакаш.

Јас ќе си земев вечера и во 10 навечер во мај месец, се сончав на плажа со малку ветерче да те пирка и со ладно пивце. 2018 година мај беше 25 степени. 2019 година мај беше 10 степени :D Е то е зезнато.

Декември ќе си земете Vitamin D и ќе бидете во ред. :)

Процедурално: Кај нас па декември еден сончев што е ;D

Ако сакате Сонце, убаво кажа Зеро - Медитеранот или па...Мадеира :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11971 на: 15 Декември 2021, 14:06:06 pm »
Реално, воопшто не сме лоши со број на сончеви денови годишно, нема споредба со Скандинавија... Ама што ако имаме сонце кога 99% од луѓето не изложуваат 50% или повеќе откриена кожа на директно сонце половина час до час дневно - освен кога се на плажа на летување. Така да времето уште во Март може да биде супер и сончево ама што фајде (вит. Д3) од тоа ако човек не се сонча соблечен барем 1 час во пролетниот/есенскиот ден.

Така да уште пореално е тоа дека суплементација со Д3 е потребна едно 9 месеци во годината. Почнувајќи со 1K IU првиоте периоди после/пред летото и прогресирајќи со 5-10К дневно (зависно од возраст/здравје) во зима кога денот е најкраток.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11972 на: 15 Декември 2021, 14:15:14 pm »
И на зимско сонце замотани во капути и шалови и јакни е очигледна позитивната енергија меѓу луѓето, кај и да се движиш.

Тој здравствен бенефит, да осетиш малку среќа а да не е предизвикана од убавиот стан или добрата кола е доволна причина за мене да останам во сончева, или се преселам во уште посончева држава.

Италија, Грција, Шпанија, јужна Франција, Португалија... На сред работно време одјебуваат од канцеларии и уживаат, се собираат друштва по кафичи и ресторани и паркови, покажувајќи колку е побитно да имаш луѓе со кои ќе се здружиш и убаво време кое ќе го уживаш, отколку платена работа, убав стан и добра кола.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11973 на: 15 Декември 2021, 14:20:08 pm »
10К€ месечно ми влијаат многу повеќе на моето расположение одколку Сонцето.
Со 200€,темница ми е и во Јули на 40 степени. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11974 на: 15 Декември 2021, 14:20:43 pm »
Италија, Грција, Шпанија, јужна Франција, Португалија... На сред работно време одјебуваат од канцеларии и уживаат, се собираат друштва по кафичи и ресторани и паркови, покажувајќи колку е побитно да имаш луѓе со кои ќе се здружиш и убаво време кое ќе го уживаш, отколку платена работа, убав стан и добра кола.
Многу ми е мило што читам вакво нешто од наш човек. Браво. 7:51 и натака. (4:23 исто)

« Последно менување: 15 Декември 2021, 14:26:33 pm Deni »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11975 на: 15 Декември 2021, 14:25:50 pm »
Човек ќе помисли во скандинавија луѓето стварно не се дружат :) Има убавина и да си на топло и сончево како италија/шпанија ама и таму си има мани. Платите не се исти, народот е друг. На мене лично не ми одговара тоа долго дружење седење по кафичи и без врска муабети со саати, оговарање итн.

Тоа чувство на исполнетост го добивам дружејќи се со некој по планини, шетања по национални паркови итн. Мене лично ноември и декември до некаде ми се најдепресивни поради екстремно краткиот ден но веќе како што кажаа погоре од март па се до септември денот е МНОГУ долг. Практично од 4-5 сабајле до 10 вечер е ден и има безброј начини како да го поминеш времето со друштво во природа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11976 на: 15 Декември 2021, 14:26:05 pm »
10К€ месечно ми влијаат многу повеќе на моето расположение одколку Сонцето.
Со 200€,темница ми е и во Јули на 40 степени. ;D

Од финансиски маки ако се селиш, пеки, арно и разбирливо. Ама софтверски инженер, девелопер, било што во ИТ да си, и да се забереш со цел памет во темници и тмурлаци... За жал не можам да го разберам тоа.

Да не пишувам 20 постови, @vlatko.klp очигледно беше нивото на дружење на почетоците на пандемијата. Шпанците и итлаијанците изгинаа зошто имаше енормна кросконтаминација меѓу фамилии, пријатели, семејства и слично, додека таму горните држави уште чекаа да осетат пандемија.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11977 на: 15 Декември 2021, 14:42:00 pm »
Човек ќе помисли во скандинавија луѓето стварно не се дружат :) Има убавина и да си на топло и сончево како италија/шпанија ама и таму си има мани. Платите не се исти, народот е друг. На мене лично не ми одговара тоа долго дружење седење по кафичи и без врска муабети со саати, оговарање итн.

Тоа чувство на исполнетост го добивам дружејќи се со некој по планини, шетања по национални паркови итн. Мене лично ноември и декември до некаде ми се најдепресивни поради екстремно краткиот ден но веќе како што кажаа погоре од март па се до септември денот е МНОГУ долг. Практично од 4-5 сабајле до 10 вечер е ден и има безброј начини како да го поминеш времето со друштво во природа.

Не бе, скраја да е дека не се дружат. Се дружат.

Чак што више, јас би рекол дека дружењето можеби и не е толку нај-нај-нај-пресуден фактор. Барем мене не ми е. Важен ми е секако - не ради кафани, него ради пријатели и комуникација и активности. Една од најдобрите искачанки ми била во Лисабон. Прекрасен ноќен живот, прекрасен народ, опуштени, насмеани, цени слични до нашите, сите весели, во Ноември месец надвор топло... Раат. Па точак да си возам, со кола да отидам некаде, не да се замарам со еј снег имало, па ладно било, па ланците, па ееее... Не сакам да се замарам. Мене барем, едноставно, наједноставно, ми е важно да е топло. Како што реков, не сакам ладно.

Плус, за мене барем, математиката е лесна. Еве на пример Португалија или Шпанија. Два до три месеца во годината нека биде многу, многу топло. На некои луѓе би им сметало. Мене лично, не ми смета. Еден месец е ладно-ладно - обично Декември или Јануари. Тоа значи дека 10 или 11 месеци во годината ми се функционални.

Од друга страна, во Шведска, три месеци се функционални, со долги денови. Девет месеци мене би ми биле нефункционални. Ладно, кратки денови, ветер, а-у. Не фала.

И повторно, ова е крајно субјективно. Јас си го кажувам мојот став.

10К€ месечно ми влијаат многу повеќе на моето расположение одколку Сонцето.
Со 200€,темница ми е и во Јули на 40 степени. ;D

Па затоа го праиме муабетот бе Мече. :) Си збориме за што би ни било идеално. Не е опцијата 10к и ладно или 200 евра и топло. Опциите се (ако реши човек да се сели) 10к и ладно или 6к и топло. Јас би одбрал 6к и топло.
« Последно менување: 15 Декември 2021, 14:48:59 pm zeroSignal »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11978 на: 15 Декември 2021, 14:47:04 pm »
10К€ месечно ми влијаат многу повеќе на моето расположение одколку Сонцето.
Со 200€,темница ми е и во Јули на 40 степени. ;D

Од финансиски маки ако се селиш, пеки, арно и разбирливо. Ама софтверски инженер, девелопер, било што во ИТ да си, и да се забереш со цел памет во темници и тмурлаци... За жал не можам да го разберам тоа.

Да не пишувам 20 постови, @vlatko.klp очигледно беше нивото на дружење на почетоците на пандемијата. Шпанците и итлаијанците изгинаа зошто имаше енормна кросконтаминација меѓу фамилии, пријатели, семејства и слично, додека таму горните држави уште чекаа да осетат пандемија.
Испадна дека апсолутно нема никаква врска, ако беше така до сега требаше да бидат истребени.
А тие горе демек никакви карантински мерки, пошто нели сите се мразат и седат дома сами со себе.

Дружење си е дружење, ама некои се гушкаат и целиваат повеќе од другите.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11979 на: 15 Декември 2021, 14:48:56 pm »
Се разбираме зеро, и јас преферирам повеќе топло и сонце наместо сивило. Но работата е што не е црно бело. Да, добиваш на југот повеќе сончеви денови (многу повеќе) но тука јас добивам долги денови на пример што мене ми годи. Малце беше чудно на почеток али веќе 10 години поминаа. Денот од март до септември е многу подолг во споредба со МК али да, знае да заврне снег во Мај или па цел јули/август да биде 15-20 степена ама некогаш знае и да изненади како летоска кога беше многу многу топло. Ветерот исто така знае да прави проблем.

Има причина зошто историски гледано а и од денешен аспект луѓе и од Грција/Шпанија/Италија/Португалија се селат во скандинавските држави.

10К€ месечно ми влијаат многу повеќе на моето расположение одколку Сонцето.
Со 200€,темница ми е и во Јули на 40 степени. ;D

Од финансиски маки ако се селиш, пеки, арно и разбирливо. Ама софтверски инженер, девелопер, било што во ИТ да си, и да се забереш со цел памет во темници и тмурлаци... За жал не можам да го разберам тоа.

Да не пишувам 20 постови, @vlatko.klp очигледно беше нивото на дружење на почетоците на пандемијата. Шпанците и итлаијанците изгинаа зошто имаше енормна кросконтаминација меѓу фамилии, пријатели, семејства и слично, додека таму горните држави уште чекаа да осетат пандемија.
да бе, глеаме шведска како помина :). Како во грција не им се случи истиот бран како во шпанија/италија? Или таму помалце се дружеле? Мислам не е во ред со бројки од пандемија да се прават заклучоци за тоа кој колку се дружи.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11980 на: 15 Декември 2021, 14:49:39 pm »
Фак снек.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11981 на: 15 Декември 2021, 14:52:49 pm »
Уште не сме влегле во календарска зима, а веќе ми скурчи белата светлина, дење исто ко у канцеларија со спуштени ролетни ???

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11982 на: 15 Декември 2021, 14:53:42 pm »
Мислам не е во ред со бројки од пандемија да се прават заклучоци за тоа кој колку се дружи.

Апсолутно. Јас комплетно би го заобиколил муабетот со пандемијата кога веќе ја дискутираме оваа тема. Мартин згреши што воопшто ја начна темата.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
    • ibiz.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11983 на: 15 Декември 2021, 14:57:53 pm »
јас пак знам доста во IT кои отишле скандинавија, иако овде (пар/фамилија) зимаат над 2000E, што е сосема доволно за убава живеачка....алиии
овде има мал милион ситници од кои ти се одмили се

а мене ако ме прашувате, идеално барем по мој стандард е алпи. (швајцарија италија, австрија.)  скандинавија горе ми е многу рамно,
барем во Данска што бев пола година, рамно рамно,.... и не е се така тмурно колку што го мислите

многу топло не сакам, дури и на летен одмор кога се оди, сенка/пиво се тражи,...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11984 на: 15 Декември 2021, 15:02:31 pm »
Мароко е ветената земја, се сработува неколку часа наутро, па сиеста во ладовина до поручек, и повторно се сработува неколку часа пред вечер, па вечерна седенка во ладовина ;D