@Carpathian Lord куцни еден текст од твоја гледна точка за животот таму, и разликите меѓу мк и шведска. Мислам дека беше во уса, па аустрслиа, па ... Ќе можеш на внуците да им се фалиш, ехее каде се, нема живеено дедо.
Кратко и јасно.
Шведска е најубавата земја за живеење во светот, во секоја смисла на зборот. Едино здравството и измајнувањето на станови им се зафркнати тро, ама во се друго се ОДЛИЧНИ.
Се она што кај нас не чини - таму е средено и е донесено до перфекција.
Она што ве интересира во кратки црти.
Просечна плата отприлика е 2000-2500 евра нето (збораме за обични работни позиции)
Трошоци:
- државен стан ќирија (трајно користење) околу 700-800 евра месечно за поголем стан во Малме. По екслузивните населби околу 900. Изнајмување преку агенција или па втора рака од 1000 до 1500 евра за поголем стан во Малме. Гетеборг од 1200-1800, Стокхолм - сигурно 1700+.
- сметки - мене ми беа сметките во ќиријата кај што бев, ама мислам дека повеќе од 100-200 евра месечно нема шанси. Топла вода е централна, греење централно, струја трошите само за фрижидер, телевизор и шпорет.
- Трошоци за продавница: Јас викав 30% максимум поскапо од наше Веро. Можеш да одиш и да прошеташ и да си речиш „Абе овде е исто како кај нас“. Зборам за маркет како Лидл - што е сосема ОК. Имаш и ICA е таму е нешто поскапо, ама па имаш многу голем избор на работи.
- Здравство: Бесплатно т.е имаш cap за преглед и лекарства од 200 евра. Што значи ако си преминал над 200 евра годишно, после секој лек и лечење е покриен од државата. Пример јас правев крвна слика, урина, преглед кај доктор во Capio Cityklinken и ме кошташе 25 евра. Оди во Систина да видиш колку ќе те кошта
Имаат проблем со здравството. Се е државно и дур да закажиш за преглед или операција дамбетер е од кај нас.
Многу наши фаќаат авион и доѓаат во Систина за операции, пораѓај ...
Многу се хард кор и за настинки и сл. За се ти препишуваат парацетамол или аналгетик.
Токму заради то губеа избори и почна да им се јавува тро корупција со арапските доктори што им дојдоа
- Образование: Одлично, бесплатно комплет. Дури докторатот им е со вработување. Да учиш докторат се вработуваш. Факултетите им се бесплатни за државјани и ЕУ државјани. Лунд да речеме е еден од најдобрите во светот.
Градинки - бесплатни т.е имате детски додаток 100 евра - а толку кошта градинка месечно.
Има многу други бенефити, како синдикат во приватно, А-каса - земате плата ако останете без работа, банкарски кредити со 0.5%-1% камата ....
- Коли кои се возат (знам дека ве интересира): Се вози се и сешто. Од Голф 4 до најново Волво (најчесто ова). Во глобала никој не се курчи со јака кола, освен Арапите и Балканците.
RS6, M3, M5 само некој ќебап вози или ќе слушниш некоја босанска внатре да ечи
Швеѓаните (поимотните) си возат Volvo V70, XC40 , XC60, XC90 - се разбираа со фул опрема најчесто.
- Rule of thumb: 90% од луѓето гледаат месечна рата за кола да им е 300-400 евра. За стан/куќа околу 1200-1300 (збораме за кредит да си купите).
Повисоки плати од 3000 евра тешко дека ќе најдете, после тоа данокот се зголемува итн. Претежно Швеѓаните повеќе земаат такви плати ама и дебел данок плаќаат.
Ние (имигрантите) земаме најмногу 3000 во Малме, 3200 Гетеборг - некој инженер, фармацевт да си. Две плати 6000 евра - си на коњ и можеш буквално да си приуштиш супер живот.
Со 4000 евра ќе можеш нормален живот, ама па со 6000 и убава кола и убав стан.