Да речете дека раси на кучиња што често се користат и за борби поради тоа што од раѓање се агресивни (едноставно тоа им е вродено) не се опасни ако сопственикот правилно ги издресира е голема глупост. Оди земи си волк од малечко, тренирај го и остај го со детето дома нека си играат ... Едноставно постојат раси на кучиња за кои треба да не се дозволува чување како домашни миленичиња, или едноставно треба посебна дозвола за истите, и не на секој да може истата да му се додели. Сега ќе рече некој овој забеган како да чуваш мечки дома, ама неможеш да дозволиш неконтролирано чување на опасни раси и шетање на истите на јавна површина каде било, било тоа да е парк за кучиња или што ти не каде шетаат и деца, а уште помалце да речеш парк за кучиња било пушти го нека трча без маска, ништо нема да направи. Една од основните разлики помеѓу луѓето и животните е свесноста, животните не се свесни на тоа ниво како луѓето и се непредвидливи со однесувањето. Друго нешто не значи дека ако во Германија, Австрија или незнам која модерна западно европска држава ако ги шетаат опасните раси на кучиња без маски тогаш тоа мора да е исправно, па ваљда не сме ние овде само глуп народ и знаеме и ние да донесеме заклучок дали е исправно или не. Ако политиката на државата ти ја прави државата сиромашна и мизерна, не значи дека твојот народ е по глуп и дека неможе да размислува понапредно од некоја западно европска развиена цивилизација.