Се претерува со кучињава, а и како поминува вееме се полошо станува.
Пред три недели на паркинг се стрчаа 4 џукели према мене додека чекав да излезе малиот од кола, по инерција ја бутнав вратата, два три пати за да се затвори бидејќи гледав во кучето а не во вратата, малиот сум му го стискал стапалото со врата и заврши со модар и разранет зглоб, сликата не беше нималку пријатна, навечер со деца кој се тресат и плачат во кола а ја искључен мавам со што ми дојде при рака за да се одбранам додека и јас влезам во кола.
Уште вечерта се јавив во полиција, бидејќи немало гризање не биле они надлежни, ме упатија во шинтерска служба. Таму никој не креваше вечерта, ги добив утре дента и добив одговор дека знаеле за група агресивни кучиња во тој дел ама имало двајца активисти од здруженија за заштита на животни и им правеле проблем. Ми вика дали може да ве побараме кога ќе дојдеме па вие да се расправате до нив, слободно викам барајте ме, нити се јавија нити дојдоа. Муабетот заврши со, дечко земи бе фрли нешто само пази да не те види некој. Јас ако сакав да фрлам немаше кај вас да се јавувам му реков.
Истите тие кучиња гризнаа човек пред недела дена и станариве малку посериозно ја свативме работава бидејќи знаеме кој ги собира тука кучињата, му беше укажано на еден од кучкарите за да истиот тој вчера со кришка леб по глава ќе ме акнеше, им фрла јадење од тераса, сега цело плато пред зграда ми е со расфрлани коски, леб и други остатоци од храна и кучињата хараат неможеш од зграда да излезеш зошто имаат храна јадат и ржат, преку гаража среќа имам излез па кога се они тука јас со моиве од таму излагаме.
Целата кривица е во пар извеани луѓе со кој никако неможеш да се разбереш, али ако институционално не се реши, ќе има некое исклучување како она во центар кога со секира го рокнаа кучето.