Не знам дали е за во оваа тема, ама едно прашање.
Дали сеуште е задолжително да се плаќа паушал на топлификација откако е раскинат договорот?
Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Јас слушнав вака: ако живееш во станот а не користиш парно - не треба да се плаќа. Во случај да нема пријавено лице на таа адреса, а станот е исклучен од топлификација, треба да се плаќа. И мене ме занима што уствари се плаќа, а што не....
БЕГ
Имено, во новите Правила за Снабдување (член 54), доносителот на подзаконскиот акт РКЕ децидно предвидел дека „сопственикот на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, кој живее или го користи објектот и е исклучен од системот за централно греење, е обврзан тоа да го докаже со приложување на валиден документ (лична карта и имотен лист) после што нема обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. Сопственикот кој не живее или не го користи посебниот дел за деловни потреби, има обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност, согласно тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.“
Да, точно е. Се јавив и истото го кажаа.
Доколку нема жител според лична карта на таа адреса плаќањето е задолжително, независно дали е сопственикот или потстанар. Односно, само така се докажувало дека се користи друг извор за затоплување ?!?
Sent from my SM-G935F using Tapatalk