Шо би рекол газда Тодорче од Чашка:
сам гоправам засе
Мебива Браво замене 😆
Може ќе му се најде како "туторијал" на друг паталец пред да проба.
Права ствар ова пиштолот, сака малце дур да се фати ред. Кога ќе влезат тие спајалиците пажливо да не дупнеш од другата страна, а и треба како капаче да стегаш да свртиш малце кога ќе влезе во пластиката за да не се откачат лесно при стрес.
За топење бидејки имаше простор меѓу пластиката од милиметар некаде, искористив до пола од парче од истиот материјал, за остатокот топев црни зип стеги. И со тоа на почеток згрешив,сака малце по малце и повеќе држење на лемилката за двата материјали да се спојат иначе изгледа супер, ама вториот материјал не е стопен и може да го одлепиш. На последната слика се гледа долу лево пред да преправам како шо треба.
Од другата страна само со лемилката го споив материјалот без додавање на пластика.
Како за првпат не е лошо, валљда нема да има втор

Следни гуми ќе бидат Тојо АТ 195 70 15 и 3цм кит за кревање, ќе уштедам и на лепење пластики, два сета гуми и фрлање пари за промена два пати годината. Од минуси, ваљда пола литро или литро плин ќе лапа повеќе.



