Човек ќе помисли во скандинавија луѓето стварно не се дружат Има убавина и да си на топло и сончево како италија/шпанија ама и таму си има мани. Платите не се исти, народот е друг. На мене лично не ми одговара тоа долго дружење седење по кафичи и без врска муабети со саати, оговарање итн.
Тоа чувство на исполнетост го добивам дружејќи се со некој по планини, шетања по национални паркови итн. Мене лично ноември и декември до некаде ми се најдепресивни поради екстремно краткиот ден но веќе како што кажаа погоре од март па се до септември денот е МНОГУ долг. Практично од 4-5 сабајле до 10 вечер е ден и има безброј начини како да го поминеш времето со друштво во природа.
Не бе, скраја да е дека не се дружат. Се дружат.
Чак што више, јас би рекол дека дружењето можеби и не е толку нај-нај-нај-пресуден фактор. Барем мене не ми е. Важен ми е секако - не ради кафани, него ради пријатели и комуникација и активности. Една од најдобрите искачанки ми била во Лисабон. Прекрасен ноќен живот, прекрасен народ, опуштени, насмеани, цени слични до нашите, сите весели, во Ноември месец надвор топло... Раат. Па точак да си возам, со кола да отидам некаде, не да се замарам со еј снег имало, па ладно било, па ланците, па ееее... Не сакам да се замарам. Мене барем, едноставно, наједноставно, ми е важно да е топло. Како што реков, не сакам ладно.
Плус, за мене барем, математиката е лесна. Еве на пример Португалија или Шпанија. Два до три месеца во годината нека биде многу, многу топло. На некои луѓе би им сметало. Мене лично, не ми смета. Еден месец е ладно-ладно - обично Декември или Јануари. Тоа значи дека 10 или 11 месеци во годината ми се функционални.
Од друга страна, во Шведска, три месеци се функционални, со долги денови. Девет месеци мене би ми биле нефункционални. Ладно, кратки денови, ветер, а-у. Не фала.
И повторно, ова е крајно субјективно. Јас си го кажувам мојот став.
10К€ месечно ми влијаат многу повеќе на моето расположение одколку Сонцето.
Со 200€,темница ми е и во Јули на 40 степени.
Па затоа го праиме муабетот бе Мече.
Си збориме за што би ни било идеално. Не е опцијата 10к и ладно или 200 евра и топло. Опциите се (ако реши човек да се сели) 10к и ладно или 6к и топло. Јас би одбрал 6к и топло.