Зошто стан? Нема поглупава работа од стан. за 40 000 евра се гради солидна куќа наместо гарсоњера. Искрено никогаш не ми бил познат мотивот човек да даде 60 000 евра па нагоре за стан.
живти кариера.. ај кажи ми куќата што ке ја дигнеш за 40к евра, на што ке ја направиш? на тркала, па на паркинг... одприлика нај малку уште пола од тоа за урбанизиран плац во ОКОЛИНАТА на скопје, а ако сакаш повнатре спреми су екстра пари... а ако сакаш во неурбанизиран дел тогаш може и со вкупно 50к да се пројде... во козле на пример, во нај средениот дел, плац е огин и пламен... се движи околу 200 евра квадрат... па сега ти види и прерачунак дали со 40к се гради куќа... и каква куќа за 40к ке изградиш, со каква изолација, со каква плоча и тн...
бидејки моментално тоа го бркам да го направам, има плац и се е горе доле ок (блиску ми се вода, струја и канализација) за 160 квадрати со топ изолација треба да стокмам околу 80к само за објектот... сега ти или некој ке рече па зашто толку многу? е па ако е за помалку, ке идам у стан, кај што трошоците за одржавање се дупло па а ко не и тројно помали од куќа,,,
А што па скопје е толку убаво освен што ќе слушаш кинески
А моментално не ги знам само цените за градење карабин а за опремување се најдобро што може на 80 квадрати спрат цениве се следните
надворешни прозори рехау 6 коморни со 3 стакла 4 сезони -2000 евра
внатрешни врати - 800 евра
внатрешно малтерисување- 600 евра мајстори и 500 матријал -1100 евра
глетување- 500 евра работна рака матријалот незнам отприлика би требало да е 400 евра - 900 евра
парно - 400 евра цефки 900 евра печка и 800 евра радијатори - 2100 евра
порамнителен со изолација- 70 евра мајстор 200 евра изолација 150 евра мрежа и плус нешто друго нека бидат 500
купатило инсталација на цефки и одвод 400 евра
остануваат уште плочки за купатило и под тоа би дошло околу 2500 па и 3000 евра значи се вкупно за еден спрат внатрешно се потребни 10000 евра изградбата не верувам дека надминува 10000 значи 20000 е 80 квадрата куќа изградба така да моите претпоставки за 40 000 евра за солидна куќа се сосема реални ако плацот е околу 15 000 евра. А ако се повеќе тогаш не се нормални бидејќи во хрватска плац на море во чиово е околу 20 000 евра