Демек „вие незнаете“, само ние знаеме... Колку глупав муабет тоа само оние привилегираните да знаат, знаат.
Далеку од тоа дека „ние све знаеме“, ние сме само за нијанса поискусни пошто сме го осетиле/осеќаме на грб.
Ако знаеш барем малку нема да го постираш:
Без „привилегиите“ денот изгледа вака:
^ Тоа зависи од работното место, не од тоа колку и дали имаш деца.
А и треба од старт да се разграничи што се подразбира под „приволегија“.
И не се плашете. Се гледаат 3 деца и фамилија и бензинец со помалку од колку што си замислувате. Се кратат некои привилегии кои сум/сме ги имале претходно, ама ништо нема да ја замени детската насмевка.
Едит: почнав да пишувам ама гледам пак си ме цитирал:
Па да се дополнам.
Привилегија: Порано 3-4 пати во неделата одевме во кафиќ, 2 пати во кафана. Онака, шема, кај беше актуелно таму.
Сега: Сега преку неделата не одиме на кафе и во кафана. Може инцидентно да отидам јас или жена ми со друштво. Затоа секој ден шетаме низ парк со децата. Еднаш до два пати (за викенд) седнуваме на кафе или кафанка.
Привилегија: Неограничен интернет и највисока претплата + HBO на Т.
Сега: Немаме потреба од неограничен, ни HBO, немаме кога да го дотрошиме интернетот ниту да гледаме HBO. Секоја вечер гледаме филмче или серија спуштена од интернет пошто децата заспиваат во 20:00.
Привилегија: Еднаш - двапати во месецот Охрид, Маврово или низ Македонијата.
Сега: Охрид кога ќе затопли на 2 месеци или месец и пол.
Привилегија: Смартфон на 6 месеци.
Сега: Смартфон на 2 години.
Привилегија: Фармерки Левис Твистед или Плејлајф, Најк блузон, дрес од Шекил О’нил, патики од 130еур ...
Сега: Фармерки од прилепските или на попуст, патики има и за ца.50еур, блузонче регулар, маички од Певекс, но Марко (првиот) за свои 4 години има 15 пара патики, а на тројцата не им ускратено ништо од гардероба
Привилегија: пршута златиборац, незнам каков кашкавал и балила тестенини
Сега: чат-пат тоа горе, а многу повеќе овошје и зеленчук
Вака можам до недоглед. Не е се во парите. Има нешто и во меѓусебното разбирање. Јас со жена ми сме заедно 15 години. Не сме затуцани, пола свет го имаме прошетано, од Америка, преку Украина, Полска, Франција, ЕУ. па натака до Јапонија. Имаме скромно станче, но полно со љубов. Имаме кола, а па ни таа не е за жалење. Не си го ускратив озвучењето ниту фолиите. И друго не би си ускратил ама тоа кога ќе стигне втората кола.
Јас имам 33 години и свесно сум се откажал од „привилегиите“ погоре. Свесно затоа што сакам со моите деца да бидам другар, не да им бидам чичко. Сакам на матура да се глупирам со нив. Кога ќе ги мажам/женам сакам на тапан да се качам, како што се качив на мојата свадба. Сакам они да шутираат фудбал а јас да бранам. Да играме баскет заедно а не да се жалам дека ме боли глава и кичма.
^ Овие привилегии нема да ги сменам за ништо во животот, ниту патика, ни кафана, ниту екстра јадење гиро во Грчка, ниту коил-овери.