Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 524140 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1260 на: 02 Декември 2016, 09:12:18 am »
пази грабеж маме им ебам лоповско
Цитат
2. Ти треба:
    - копија од лична карта заверена на нотар, (150 ден)
    - копија од возачка заверена на нотар  (150 ден)
    - лекарско уверение (околу 2000 ден)
Зашто ми треба лекарско кога имам веќе Б категорија?
А полнењево со пари на нотариве е само за поздравување,треба и за прдење и мочање да се плаќа на нотар по 150 денари.

Зошто им се документи во копија заверени на нотар кога тие ги издаваат оригиналите?

Едит: Сега видов авто школата бара, но сепак доволно е само број на лична карта и  број на возачка да дадеш.
Не е доволно бе чоџук, треба да платиш!
Ајт сиктер таму!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1261 на: 02 Декември 2016, 13:10:37 pm »
Ќе го мењале законот за мотори. Ќе имало Ам А1 А2 и А3, 50, 125 , 250 и над категорија и секоја ограничени со различни години. Така му рекле на брат ми во автошкола. Ова денес.

Отсутен zlatkor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1262 на: 02 Декември 2016, 13:47:40 pm »
Ќе го мењале законот за мотори. Ќе имало Ам А1 А2 и А3, 50, 125 , 250 и над категорија и секоја ограничени со различни години. Така му рекле на брат ми во автошкола. Ова денес.

Да да, требаше ова да стапи на сила од сеа ноември, али го одложија за март.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1263 на: 02 Декември 2016, 13:51:07 pm »
што значи промената?

Отсутен zlatkor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1264 на: 02 Декември 2016, 14:14:31 pm »
што значи промената?

Не ме сваќај точно со бројкиве али ќе биде нешто во стилот на:

Прво ќе де полага до 125цц мотор и од кога ќе положиш треба во наредни година или две да возиш толкав.

Ако сакаш да возиш 1000цц на пример, од кога ќе ти завршат тие 2 години треба да преполагаш за 250цц па уште две за до 600 и после е над 600.

Што значи за да стигнеш до 1000цц ќе поминат 6 години искуство и 3 полагања.

Пак викам дека со бројкиве не ме сваќајте буквално али концептот ќе е тој.

За сите што ќе положат до тогаш ова не важи туку си важи само она класичното возач почетник со лимит од 250цц и возење само денски во првите две години, после тоа можеш да возиш што сакаш


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1265 на: 02 Декември 2016, 15:21:55 pm »
Чекај, а ако имам Б-категорија?
не е ваљда дека ако сакам да земам на 40 години 300-ка скутер да треба да полагам 3 пати и да чекам 6 години

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1266 на: 02 Декември 2016, 16:01:06 pm »
Следно: Б-1,4TDI, Б-1,6TDI,  Б-2,0TDI, Б-2,0TDI twin turbo-270ks :D
Б-FSI па две години косиличар па Б-TSI  :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1267 на: 02 Декември 2016, 16:13:30 pm »
Следно сите без возачки ќе си возиме. :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5935
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1268 на: 02 Декември 2016, 20:03:47 pm »
Pola Bitola vozi bez vozachki,izvadija tablici posle 4/5pagjanja i ne zastanuvaat uopste na policija..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 899
  • Am386 DX/DXL-40

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1270 на: 04 Декември 2016, 21:35:23 pm »
Ќе го мењале законот за мотори. Ќе имало Ам А1 А2 и А3, 50, 125 , 250 и над категорија и секоја ограничени со различни години. Така му рекле на брат ми во автошкола. Ова денес.

не е од денес, од поодамна е, ама го одложуваат... сепак, еве ви:

Во моментов ова е важечкиот закон:

Најрана возраст на која можете да извадите дозвола за управување со мопед е 14 години, на оваа возраст можете да добиете потврда од авто школа дека сте ги положиле тестовите и со тоа се здобивате со „М“ категорија, со која можете да управувате со велосипед со помошен мотор или мопед.

На 16 години можете да полагате за „А1“ категорија, возачка дозвола со која смеете да управувате со мотоцикл со зафатнина до 125 cm/3, а кога ќе наполните 18 години, оваа категорија автоматски преминува во „А“. Со префрлањето на категоријата од А1 во А сеуште немате право да управувате со мотоцикл чија јачина надминува 25kw, бидејќи следните две години сте „возач почетник“.

Секој возач кој за прв пат се стекнува со возачка дозвола се нарекува „возач почетник“. За мотоциклите ова е важно бидејќи законот предвидува неколку ограничувања во однос на она со што смеете да управувате. Првите две години откако ќе ја добиете возачката дозвола од „А“ категорија можете да возите мотоцикл со јачина до 25 kw, без разлика на зафатнината. Дополнително на ова, не смеете да управувате со мотоциклот во периодот од 23.00 часот до 05.00 изутрина. Додека сте возач почетник не смеете да управувате со мотоциклот со брзина поголема од 60 км/ч на јавен пат, 80км/ч на пат исклучиво наменет за сообраќај и повеќе од 100км/ч на автопат, а за возачите на велосипед со помошен мотор максималната дозволена брзина е 40 км/ч.

Прво треба да собереш документи а тоа се:

- Лекарско уверение
- Заверена возачка
- Заверена диплома (минимум 8мо одд)
- Лична карта за индетификација

Со овие документи одиш во автошкола и се пријавуваш за часови.



Според новиот предлог на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за мотоциклите ќе се воведе нова категорија A2. Промената на категориите која треба да стапи во сила од април 2017 година е според следниот предлог:

Член 301
(2) Во категоријата „AM“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
(3) Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw исоодносoт на јачината на моторот и масата на возилото ненадминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
(4) Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
(5) Во категоријата „А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.
(2) Минимална возраст за управување со возило за одредени категории е:
- 16 години за управување со моторни возила од категориите: „АМ“ и „А1“
- 18 години за управување со моторно возило од категориите: „А2“
- 21 години за управување со моторно возило од категориите: „А“
(6) Право на управување со моторно возило од „А“ категорија може да стекне возач по навршени 21 година кој две години поседува возачка дозвола од категоријата „А2“ или лице со навршени 24 години возраст.

Според сегашниот закон најрана возраст за управување на мопед е 14 години, според новиот предлог тоа ќе биде 16 години, возраст на која може да се добие и А1 категорија. Новитет е А2 категоријата која ќе се издава на лица со наполнети 18 години, а целосната А категорија ќе може да се добие на 21 година.

Од останатите промени издвојуваме:

Член 99

(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска согласно ќе му се издаде, на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Претходно казната за не носење на кацига беше 35 евра или 15 казнени поени за возачот и 20 евра за совозачот

Член 341

(1)Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот кога:
- ќе ги затече возач да управува со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл и лицата кои се превезуваат и кои со себе не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Новиот закон не значи дека ќе треба да полагате за новите категории, тие се добиваат бесплатно со исполнување на условите, направени се со цел да се зголеми безбедноста.

сеуште не се додефинирани некои работи и нелогичности во законот, па затоа и е одложено за април 2017.... прво е дефинирање на сите категории кои се изоставени (пример мопеди кои развиваат брзина поголема од 45км/ч, а според новиот предлог закон не спаѓаат во ниедна категорија), дефинирање на технички спецификации за трицикли, се бара и управување на скутери до 125цм3 со поседување на Б категорија, како и помали корекции на нелогичните членови...

А3 категорија не постои, нит е предложена нит ке ја има сега засега. како за сите категории НИЗ ЦЕЛ СВЕТ, така и кај нас ке има... А, А1, А2... Б, Б1 и Б2...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1271 на: 04 Декември 2016, 21:38:59 pm »
Целиов закон е нелогичен :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1272 на: 04 Декември 2016, 22:23:38 pm »
„се бара и управување на скутери до 125цм3 со поседување на Б категорија,“

Ајде, имало надеж... Ене кај е Април :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг:
« Одговори #1273 на: 04 Декември 2016, 22:37:19 pm »
Тоа се бара многу долго време од сите, поготово продавачиве. Сите мораат 50ки двотактни непотребно да купуваат а 125 4т е само малце посилно а каде каде поекономично, поиздржливо, поефтино за одржување...
 

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1274 на: 04 Декември 2016, 23:04:28 pm »
Agreed, ама скоро сум убеден дека нема да се деси 125-ки да може да се возат со Б-категорија.