Од немајкаде денес се учев да користам комплет за зачепување дупната гума. Се враќав од Скопје преку Плетвар, на последните 2-3 кривини после Че нагоре ми се осети ко млитава задницата, застанав горе гумата скоро истушена. Ја затворив Прилеп, ја напумпав на 2.9bar, до Охрид издржа и падна до 2.7bar.
Понеделник планирам да ја носам на вулканизер да ја залепат убаво, среќа дупката е баш на средина на газната површина, кај шо е “најбезбедно“ да се санират.
Прашањето од овде ми е, колку е безбедно да ја терам гумата до крај на сезонава? Планот ми беше зимава да сменам гуми, веќе имам 8,000км на овие а се гуми правени примарно за на стаза. Не знам дали да ја терам задната вака уште месец, два до крај на сезонава, или да прежалам 400-500 евра и да ги сменам гумите сега.