Бидејки доаѓа зима и генерално заврши сезоната на мотори,
ми треба совет од поискусни моторџии која би била препораката за чување на акумулаторот преку зима?
Покрај вадење и чување во топла и сува просторија, на што друго да се обрне внимание од следново:
- На колку време да се полни или дополнува/проверува(еднаш неделно, месечно итн.) ?
- Дали воопшто да се дополнува ако напонот е над 12.6 волти или само да се контролира?
Акумулаторот е здрав и монтиран неодамна.
Со унимер е измерен, 12.96 волти покажува моментално, на верглање не паѓа под 12 волти.
Во поглед на полначи, "наоружан до заби" од мака од лош квалитет на претходни акумулатори
Купен е и одржувач од 0.5 ампери, таканаречен "Trickle Charger",
кој треба да го продолжи векот на акумулаторот.
Инаку акумулаторот е ОЕМ на Хонда, Yuasa YTZ7S 6Ah 130 CCA ударна моќ.