Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 451529 пати)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2805 на: 19 Септември 2022, 14:56:55 pm »
И томосите т14/15 се 50цц, но се возат со А категорија. Зашто? Не знам, богами.
Едни тврдат многу кс, други дека имаат споено седиште со резервоар,...
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2806 на: 19 Септември 2022, 15:04:53 pm »
И томосите т14/15 се 50цц, но се возат со А категорија. Зашто? Не знам, богами.
Едни тврдат многу кс, други дека имаат споено седиште со резервоар,...

Ајде хаха, само обесуваат. 50цц моторчињава поише од 70 без блокада не оди.

Полагал некој скоро за мотор и положил од прва,втора без врски со новиве комисии? Пред 10 години за кола без врски без проблем од прва се положуваше, не знам сега како е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2807 на: 19 Септември 2022, 15:16:15 pm »
И томосите т14/15 се 50цц, но се возат со А категорија. Зашто? Не знам, богами.
Едни тврдат многу кс, други дека имаат споено седиште со резервоар,...
Каде е напишано ова? Многу чудно, страшно многу чудно. Треба едино да се види во хомологацијата дали пишува дека е ограничено до 45кмч, ако не пишува можно е заради тоа да има некој ваков циркуз.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2808 на: 02 Октомври 2022, 17:23:48 pm »

Решението стигна?

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2809 на: 04 Октомври 2022, 11:27:29 am »
И томосите т14/15 се 50цц, но се возат со А категорија. Зашто? Не знам, богами.
Едни тврдат многу кс, други дека имаат споено седиште со резервоар,...

Малу каснам, ама не беа тие со мењач и брзини? Мислам дека тука е проблемот, за АМ категорија (до 49cc и 45km/h ограничени) не смејт да имат брзини.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2810 на: 04 Октомври 2022, 12:25:11 pm »
Не верувам дека брзините се проблем колку тоа како од фабрика ги декларираат за крајна брзина.

Кинескиве се на 45/км/ч и затоа се така, па после што сите ги вадиме блокажите е др работа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2811 на: 04 Октомври 2022, 12:26:37 pm »
Не верувам дека брзините се проблем колку тоа како од фабрика ги декларираат за крајна брзина.

Кинескиве се на 45/км/ч и затоа се така, па после што сите ги вадиме блокажите е др работа.
Сите понови се на 45, не само кинески. Баш за да може да се возат со Б категорија.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2812 на: 06 Октомври 2022, 11:05:14 am »
Не верувам дека брзините се проблем колку тоа како од фабрика ги декларираат за крајна брзина.

Кинескиве се на 45/км/ч и затоа се така, па после што сите ги вадиме блокажите е др работа.

За мењачот ми беше муабетот, на такви брзини мислев. Ако е со мењач, мораш да полагаш за А категорија, ради то не се дозволени Томосите со Б.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2813 на: 12 Октомври 2022, 22:41:16 pm »
Спеедфајтот  ќе биде оставен некои си 8-9 месеци не запалено и невозено,гаражиран  под суво и не под некои си 7-8С.
Акумулаторот ќе го извадам,бензинот исто така и мислам во клипот да му капнам со шприц малку двотактолче и така да ударам на курблата да се подмачка внатре.
Некој друг совет имате да ме посоветувате.
Се работи за Пежо Спеедфајт 4 2Т со водено ладење.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2814 на: 13 Октомври 2022, 06:16:57 am »
Ако е метален резервар наполни го до горе,ако е пластичен извади го бензинот,акумулатор извади.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2815 на: 13 Октомври 2022, 07:46:41 am »
Најдобро масло за 2т скутери според мене и други форумаши е ова, цената е околу 6€/л. но на попуст може да се најде и за 4€/л.Го произведува Power Oil, во Karlsfeld, Германија, иако тоа не е наведено на пакувањето. Живеев подолго време во Karlsfeld, пробував да ги контактирам за да земам поголеми количини на масло за препродажба тука во МК, но не ми одговараа на меил, моментално може да се набави од Kaufland, не само во Германија туку и во сите други држави каде што има Kaufland.
Одговара од base до mid-race сетап.
Цитат
To kaufland ulje je vrhunsko.Reponja ja ne znam od kud tebi talog jer smo kod frenda skidali mašinu od 12 000 km voženu isključivo na kaufland ulju i sve se sjajilo unutra i nijednog risa nije bilo. Većina ljudi koje znam voze na tom ulju i svi skupa su napravili valjda 50 000km u ovih par godina i niko se nije žalio, a kamoli da mu je skuter zacviko od toga.


Отсутен Toyota Supra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2816 на: 13 Октомври 2022, 14:33:09 pm »
Бидејки доаѓа зима и генерално заврши сезоната на мотори,
ми треба совет од поискусни моторџии која би била препораката за чување на акумулаторот преку зима?

Покрај вадење и чување во топла и сува просторија, на што друго да се обрне внимание од следново:

- На колку време да се полни или дополнува/проверува(еднаш неделно, месечно итн.) ?
- Дали воопшто да се дополнува ако напонот е над 12.6 волти или само да се контролира?


Акумулаторот е здрав и монтиран неодамна.
Со унимер е измерен, 12.96 волти покажува моментално, на верглање не паѓа под 12 волти.

Во поглед на полначи, "наоружан до заби" од мака од лош квалитет на претходни акумулатори  :)
Купен е и одржувач од 0.5 ампери, таканаречен "Trickle Charger",
кој треба да го продолжи векот на акумулаторот.

Инаку акумулаторот е ОЕМ на Хонда, Yuasa YTZ7S 6Ah 130 CCA ударна моќ.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2817 на: 13 Октомври 2022, 14:41:52 pm »
Ако имаш смарт полнач ставај го еднаш месечно по еден ден и готово. Сам ќе дополни колку што треба.

П.С: Одличен избор е Yuasaта. Ама овие страдаат не заради марка, туку заради премногу мали капацитети што бираат. На пример на истиот мотор да пуштеле срце 8-10Ah да стават, ќе терал многу-многу подолго. Ама тоа е тоа. Кај сите мотори така прават, што заради тежина што заради пари.

Отсутен Toyota Supra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2818 на: 13 Октомври 2022, 15:06:59 pm »
Ако имаш смарт полнач ставај го еднаш месечно по еден ден и готово. Сам ќе дополни колку што треба.

П.С: Одличен избор е Yuasaта. Ама овие страдаат не заради марка, туку заради премногу мали капацитети што бираат. На пример на истиот мотор да пуштеле срце 8-10Ah да стават, ќе терал многу-многу подолго. Ама тоа е тоа. Кај сите мотори така прават, што заради тежина што заради пари.

Дени, и јас сакав со поголем капацитет поради алармот и тракерот што се на него, и нормално поголема ударна сила,
ама јапонциве се од друга планета и максимално го искористиле просторот и направиле 1000 кубни сантиметри и 4 клипа машина да пали со акумулаторче од 50-ка и поради самите димензии, нема место.

А Јуаса-та е одбран поради зафрканции со претходниот кој едвај истера 1 година, со триста маки, и којзнае колку рекламации и изгубено време,а и нерви.

Да, доста е поскап, но сега сум раат и затоа сакам да му го одржам капацитетот што е можно подолго.
Инаку се работи за модел на Хонда ЦБР1000РР СЦ59 2008 година.

Ова е полначот кој треба да го одржува

https://www.maypoleltd.com/product/mp7402-0-5a-12v-dc-automatic-trickle-battery-charger/

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #2819 на: 13 Октомври 2022, 15:36:19 pm »
Не е до јапонците, повеќето така прават ти кажав. Кнап се акумулаторите, а и местото. А не дека немало простор да направат место за поголем да собира, ама така ги кнапосуваат безврска. Инаку секој ќе си стави +20% Ah и чао проблеми.