Фотонот како и секоја друга материја (фотонот е бран-честичка со нула маса и патува со брзина на светлината), кога ќе помине покрај тело со огромна маса, бива привлечено. Ако е тоа тело црна дупка, штом фотонот ќе го помине event horizon, веќе нема бегање и бива вовлечен кон „сингуларитетот“ на црната дупка. Но што се случува со фотонот понатака, науката уште нема одговор. Бидејќи фотонот нема маса, но има енергија, една претпоставка е дека кога ќе биде вовлечен и ќе стане дел од сингуларитетот, престанува да постои како фотон бидејќи престанува да се движи. Но тоа не значи дека ќе исчезне, бидејќи, знаеме дека фотонот може да се претвори во електрон-позитрон пар, честички кои што имаат своја маса и така може да станат дел од сингуларитетот на црната дупка.