1: Што сметаш дека претставува Гравитацијата? Зошто само таа нема поларитет туку работи во една насока? Дали гравитацијата е само уште една димензија, во која се зафатени објектите, во стил на платно на кое стојат и натежнуваат? Дали и времето може да го земеме како димензија тогаш? Зошто темната материја има своја гравитација, а навидум нема маса?
2:Доколку космосот е бескраен зошто небото не е светло туку темно? Ако светлината која доаѓа од сферата со радиус една светлосна година е бројка 10, тогаш светлината која би требало да доаѓа од следната сфера со радиус две светлосни години треба да е исто толку, заради тоа што тие ѕвезди се двојно подалеку и се потемни, но и волуменот кој го опфаќаат е соодветно поголем па бројката се задржува да е константна. Дали ние гледаме само онолку далеку колку што е стар универзумот, односно само 13 милијарди светлоссни години од нас? Но, универзумот не бил секогаш ист, тој расте, и се се оддалечува, па соодветно треба да се менуваат и законите на простирање на светлината?