Види, за GMO ти кажав, ако сакаш да дискутираш убаво за науката и придобивките - ок, ако сакаш да зборуваме за штетноста на хербициди и пестициди, да отвориме нова тема, ама како што ми личи, и таму ќе „паднеш“ на тестот за верификација на факти.
За вакцините се покажа дека не можеш да изнесеш ни еден рецензиран труд, ниту било каков доказ - освен шпекулативни и популистички новинарски прикаски, кој што кажува дека вакцините што се користат кај нас се небезбедни, или помалку безбедни од оние кои се користат во други земји.
Немам што понатаму да дискутирам со тебе, иако ми е интересно да ги читам твоите глупости, бидејќи имаш убав нараторски пристап, мислам дека не вреди да се замарам повеќе.