@MartinAlfista постов ти е каша попара, конфузен си и мислите ти бегаат од некои претпоставки за мене, па преку некоја си сувопичлеста блогерка од Хрватска, за на крај да успееш ЦЕЛОСНО да ја промашиш поентата на тоа што ти го кажував. Поентата беше дека многу од луѓето се мрзливи и површни, мислат дека „не се замараат“ со некои работи ама реалноста е дека работите ги замараат нив. Ти можеш да сакаш да „не се замараш“ со реалноста на средината во која живееш, заради изговори дека немаш време за тоа, ама без разлика на твоите желби, реалноста на средината во која живееш - ТЕ ЗАМАРА ТЕБЕ.
Прашуваш како те замара реалноста и покрај тоа што ти демек „не се замараш“?
Милион примери има, ако ги отвориш очите.
Ете не можеш да излезеш како човек безбедно да возиш низ град, затоа што нема услови. Нема услови затоа што властите курот ги боли за велосипедистите. А мнозинството од велосидистите „не можат да се се замараат“ да дадат подршка протестите со возење точак.
Го разбираш
овој пример? Пошто има и многу други.
„Не се замараш“?
Не се замараш со гужвите низ градот? Епа се замараш бе друже, и тоа како се замараш. Не се замараш со дишење загаден воздух? Охохо и тоа како се замараш. Не се замараш со животниот стандард?
Треба уште да набројувам?
Пошто можам, уште многу има што да се каже. Ама ајде доволно е и ова.
Затоа што овде никој „не се замара“, не се обидува да си ги побара правата и да им покаже на политичарите дека не смее да биде игнориран... Затоа после сите се замараме милион пати повеќе. Затоа кога ќе кажеш „не се замарам“ само се лажеш себе си.
Толку од обидување да ти објаснам.
Сега нешто лично, пошто за персонални моменти ме прозиваш.
Прво, јас на никого не му „копам очи“. Никого не го присилувам да ме чита и коментира, никој не го присилувам да го практикува тоа што го пишувам. Јас само го кажувам своето мислење, своето гледиште за работите. Па кој сака нека ме чита, кој колку може нека земе од понуденото (ти очигледно не можеш). Или кој
не сака да ме чита и не сака да ме дебатира, едноставно може да ме игнорира (форумот има опција и за целосен игнор).
Има разни опции но симнување на лично ниво и вреѓање не би требало да биде опција освен ако некој не те навредил тебе.
Второ, никогаш не сум рекол дека јас сум секогаш во право.
Но од друга страна често сум во право, затоа што не ни почнувам дискусија кога немам солидни факти за си ја аргументирам тезата. За разлика од некои од вас овде, кои концептот и правилата на дебатирање не ви се баш јасни.
Трето пошто ете искрен си и немаш влакна на јазикот - нема да имам ни јас. Ако веќе си играме психоанализа, тргни од себе. Си земал да пишуваш на темава за НАУКА не затоа што имаш што да кажеш ОНТОПИК, туку затоа што сакаш мене лично да ме коментираш - да ме
критикуваш. Немам никаков проблем со тоа штом модераторите дозволуваат офтопик. Но ако веќе се обидуваш да ме критикуваш - кажи бе нешто конкретно, смисли го и срочи го како што треба наместо во real time да ги пишуваш неповрзаните ти мисли, глупости за некоја сувопичлеста блогерка и целосни претпоставки за мене. Толку лошо и конфузно се изрази што дури и не кажа што ти е тезата, што побогу сакаш да докажеш.
Реално во твојот пост ништо конкретно не кажа - само непредизвикано и неаргументирано ме нападна и покажа
комплекс на пониска вредност. Инаку не би ти го кажал ова вака - ама нели ти сакаше да си играме психоанализа.
