сајкалџија 
Морав да го побарам зборов, интересен збор.

Само ја продолжив твојата аналогија што ја напиша за Мартин. Според твојата последна реченица од овој пост, за тебе тоа е ограничен поглен на светот.
Тогаш не си ја разбрал мојата аналогија, и така неразбрана ја продолжуваш погрешно.
100% не сум те разбрал. Оти многу тешко на човек да ги разбере работите што ги пишуваш, ама по правило би требало да верува на работите што ги пишуваш. 
Нема потреба од верување, освен можеби - за верниците. Доволно е да ги разбереш работите (без разлика што тоа е тешко), кога ќе ги разбереш работите тогаш ќе видиш дека сум во право.

1. Како твоето замарање со геополитика ќе спречи нешто на геополитички план да се случи или пак случувањето да не те опфати тебе, а на пример на Мартин ќе му се врати како бумеранг?
Едноставно е, колку еден човек повеќе ги разбира работите за светот во кој живее - толку повеќе е спремен да донесе правилни одлуки во моментите кога се носат важни одлуки. На пример, никој запознаен со реалноста на работите, а при здрав разум, не посакувал државата да му влезе во НАТО. Од фактот дека повеќето (барем навидум) се за влез во НАТО, јасно е дека мнозинството нема поим за реалноста на светов, едноставно веруваат во приказните кои им се кажуваат.
Истото важи за било која област во животот, од храната за која прифаќаме да плаќаме тешко заработени пари - па до здравјето на децата, и прифаќање да се трујат со несоодветни неквалитетни вакцини во име на некакво немање пари и штедење додека таму во реалноста не само што не се штеди туку грдни пари се спичкуваат на секакви луксузи и глупости, како на пример последново со куртони од владата со народни пари да си носат членови од семејството на Новогодишни Концерти во Виена (иако веројатно тоа е моментот кога сељачиштата прв пат слушаат класична музика).
2. Иначе јас разбирам луѓе што имаат интересирање од милион области. Разбирам и ако истите тие луѓе сакаат да дискутираат за сите тие милион области. Но не разбирам луѓе што не знаат да дискутираат, што не прифаќаат туѓо различно мислење и на крајот луѓе што по секоја цена се обидуваат да го наметнат нивното мислење на останатите.
Јас гледам дека ти веројатно „прифаќање на туѓо мислење“ го разбираш нешто како љубезност. Не, љубезно е само да го ислушаш соговорникот а за прифаќање потребно е тоа мислење да биде аргументиранао точно. Јас немам проблем со прифаќање на туѓ спротивен став кога истиот е аргументирано и докажано точен. Но не прифаќам неточни и погрешни мислења - колку и некој тоа да го смета за „нељубезно“.
Следно можеби ќе сакаш да укажеш на релативноста на мислењата, само прво сети се дека истите во една дискусија треба да бидат аргументирани со факти - за да се прифатат како вистинити. А дури и во тој случај, можно е двете спротиставени мислења да бидат точни - но гледани од потребната перспектива едното да има поголема тежина од другото - а ова е нешто што не можат да го видат тие што се ограничени на гледање само од една перспектива (посебно ако истата не е нивна, туку наметната од некој авторитет).
И он е овца од стадото, само поише блее. На крај сите истро стрижени ќе бидат.
