Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 232133 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1080 на: 10 Јануари 2019, 14:58:41 pm »
Јас немам проблем со прифаќање на туѓ спротивен став кога истиот е аргументирано и докажано точен. Но не прифаќам неточни и погрешни мислења - колку и некој тоа да го смета за „нељубезно“

Значи имаш огромен проблем со самиот себе ама сеуште не си свесен.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1081 на: 10 Јануари 2019, 15:00:03 pm »
Само ја продолжив твојата аналогија што ја напиша за Мартин. Според твојата последна реченица од овој пост, за тебе тоа е ограничен поглен на светот.
Тогаш не си ја разбрал мојата аналогија, и така неразбрана ја продолжуваш погрешно.
Цитат
100% не сум те разбрал. Оти многу тешко на човек да ги разбере работите што ги пишуваш, ама по правило би требало да верува на работите што ги пишуваш. :)
Нема потреба од верување, освен можеби - за верниците. Доволно е да ги разбереш работите (без разлика што тоа е тешко), кога ќе ги разбереш работите тогаш ќе видиш дека сум во право.   :)


Исус Христос не бил разбран од неговите современици.
Коперник исто.
Галилео исто, ама некако во 95та минута се предомислил и наеднаш го разбрале.

Коинциденција? Не би рекол.

пс. Ако толку ти е важно да си во право, еве во право си за сѐ. Кој е следниот чекор?

ппс. Човек кој не верува во ништо е осуден на пропаст.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1082 на: 10 Јануари 2019, 15:07:49 pm »
Ахахаха Немал проблем со прифаќање на аргументирани ставови :D :D :D


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1083 на: 10 Јануари 2019, 15:10:59 pm »
Едноставно е, колку еден човек повеќе ги разбира работите за светот во кој живее - толку повеќе е спремен да донесе правилни одлуки во моментите кога се носат важни одлуки. На пример, никој запознаен со реалноста на работите, а при здрав разум, не посакувал државата да му влезе во НАТО. Од фактот дека повеќето (барем навидум) се за влез во НАТО, јасно е дека мнозинството нема поим за реалноста на светов, едноставно веруваат во приказните кои им се кажуваат.
Дај уште вакви бисери ти се молам.

 

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1084 на: 10 Јануари 2019, 15:35:02 pm »
Извини вака, ама сметам дека човечкиот живот, па и над живот т.е. да живееш 150 год е краток за да се разбираш од све. Значи не да имаш сопствен поглед кон нештата или свое мислење, него да ги разбираш, да си продлабочен. На пример еве математика како наука, ја учиш средно, основно, кој како на факс, и велиш знаеш математика, многу си учел и вежбал, дека тешко и крваво си ја заработил таа 6-ка или 3-ка. Се до моментот кога ќе дојде некој што докторирал математика, што учел 10 години, што те седина на гас со неговото знаење и ти вели дека знае сосем малце ... xD

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1085 на: 10 Јануари 2019, 15:52:25 pm »
пс. Ако толку ти е важно да си во право, еве во право си за сѐ. Кој е следниот чекор?
Не ми е важно да „сум во право“, важно ми е да се разберат работите. И не постои само еден чекор, туку низа од чекори. Првиот чекор е разбирањето, вториот е свесноста, третиот... Не е мое да наложам, можам да предложам но на крај човештвото самото ќе го најде патот. Или нема. Тоа е тоа, трета опција нема.


Извини вака, ама сметам дека човечкиот живот, па и над живот т.е. да живееш 150 год е краток за да се разбираш од све. Значи не да имаш сопствен поглед кон нештата или свое мислење, него да ги разбираш, да си продлабочен...
Затоа секој со малку подлабоки разбирања, прво разбира колку не знае и дека никогаш нема да знае СЕ.
Кој не разбира ниту оволку, да знае дека никој не знае се - него најлесно го лажат од позиција на авторитет.


Ахахаха Немал проблем со прифаќање на аргументирани ставови :D :D :D
Симо, ти си скаран со концептот на дискусија. :)
Двонасочна комуникација немаш повеќе од прост првичен инпут, а следен чекор ти е затнување на ушите и бескрајно повторување на својот став (обично приказна од авторитетите, естаблишментот). Ехх...  :-\

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1086 на: 10 Јануари 2019, 15:59:05 pm »
1. Како твоето замарање со геополитика ќе спречи нешто на геополитички план да се случи или пак случувањето да не те опфати тебе, а на пример на Мартин ќе му се врати како бумеранг?
Едноставно е, колку еден човек повеќе ги разбира работите за светот во кој живее - толку повеќе е спремен да донесе правилни одлуки во моментите кога се носат важни одлуки. На пример, никој запознаен со реалноста на работите, а при здрав разум, не посакувал државата да му влезе во НАТО. Од фактот дека повеќето (барем навидум) се за влез во НАТО, јасно е дека мнозинството нема поим за реалноста на светов, едноставно веруваат во приказните кои им се кажуваат.
Ок си е сето тоа, ти ги разбираш работите и си против НАТО. Мартин не ги разбира и е за НАТО.
Мене прашањето ми беше како твоето разбирање на работите ќе спречи ти и Мартин да бидете дел од НАТО како граѓани на државава или како членувањето на државава во НАТО тебе нема да ти влијае, а на Мартин ќе му се врати како бумеранг.

Цитат

ЕДИТ:

Цитат
2. Иначе јас разбирам луѓе што имаат интересирање од милион области. Разбирам и ако истите тие луѓе сакаат да дискутираат за сите тие милион области. Но не разбирам луѓе што не знаат да дискутираат, што не прифаќаат туѓо различно мислење и на крајот луѓе што по секоја цена се обидуваат да го наметнат нивното мислење на останатите.
Јас гледам дека ти веројатно „прифаќање на туѓо мислење“ го разбираш нешто како љубезност. Не, љубезно е само да го ислушаш соговорникот а за прифаќање потребно е тоа мислење да биде аргументиранао точно. Јас немам проблем со прифаќање на туѓ спротивен став кога истиот е аргументирано и докажано точен. Но не прифаќам неточни и погрешни мислења - колку и некој тоа да го смета за „нељубезно“.
Следно можеби ќе сакаш да укажеш на релативноста на мислењата, само прво сети се дека истите во една дискусија треба да бидат аргументирани со факти - за да се прифатат како вистинити. А дури и во тој случај, можно е двете спротиставени мислења да бидат точни - но гледани од потребната перспектива едното да има поголема тежина од другото - а ова е нешто што не можат да го видат тие што се ограничени на гледање само од една перспектива (посебно ако истата не е нивна, туку наметната од некој авторитет).

Не сме се разбрале, под прифаќање не мислев да се согласиш со неговиот различен и за тебе погрешен став, туку да се помириш (можеби по соодветно од прифатиш) дека Мартин има различен став за НАТО, иако му е погрешен.


ЕДИТ:
пс. Ако толку ти е важно да си во право, еве во право си за сѐ. Кој е следниот чекор?
Не ми е важно да „сум во право“, важно ми е да се разберат работите. И не постои само еден чекор, туку низа од чекори. Првиот чекор е разбирањето, вториот е свесноста, третиот... Не е мое да наложам, можам да предложам но на крај човештвото самото ќе го најде патот. Или нема. Тоа е тоа, трета опција нема.

Па предложи и терај, а не секојдневно да не убедуваш како Симо не е во право, а ти си. Пиши 2-3 поста, образложи го својот став и остави не да кршиме глава.
Твојот напорен и навредлив начин на укажување на нашите грешки, неукост, заслепеност и незнаење често има негативен и контра ефект. Сега сигурно и за ова ќе ме убедуваш дека не е така :)
« Последно менување: 10 Јануари 2019, 16:08:11 pm Banzai »
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1087 на: 10 Јануари 2019, 16:07:49 pm »

Не сме се разбрале, под прифаќање не мислев да се согласиш со неговиот различен и за тебе погрешен став, туку да се помириш (можеби по соодветно од прифатиш) дека Мартин има различен став за НАТО, иако му е погрешен.
Ти си последниот во низата на тие што не разбираат.  ;D


Не ми е важно да „сум во право“, важно ми е да се разберат работите. И не постои само еден чекор, туку низа од чекори. Првиот чекор е разбирањето, вториот е свесноста, третиот... Не е мое да наложам, можам да предложам но на крај човештвото самото ќе го најде патот. Или нема. Тоа е тоа, трета опција нема.

Човештвото не се спасува со дрндлање, туку со работа. Како што и нивата нејќе молитва, туку мотика. Општествените науки и онака се преценети и никој не ги сфаќа за озбилно.  :-X
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1088 на: 10 Јануари 2019, 16:15:02 pm »
Мене прашањето ми беше како твоето разбирање на работите ќе спречи ти и Мартин да бидете дел од НАТО како граѓани на државава или како членувањето на државава во НАТО тебе нема да ти влијае, а на Мартин ќе му се врати како бумеранг.

Аха, не видов едно од прашањата содржани внатре во основното прашање. Се извинувам, немам многу искуство во дебатирање со адвокати.  ;D

Значи „како моето разбирање на работите ќе спречи да и јас и Мартин да бидеме дел од НАТО?“
- Ова прашање има погрешна премиса. Не е идејата моето разбирање да спречи бесполезни и штетни членства во воени сојузи. Идејата е освен јас и мнозинството други да почнат да ги разбираат работите, и како резултат на тоа воопшто да не влагаме во воени сојузи кои не ни ја гарантираат безбедноста.


едит2: ја поебав оригиналната содржина, можеби модераторите можат да го вратат неедитираниот пост?  :-\
« Последно менување: 10 Јануари 2019, 17:01:07 pm Van »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1089 на: 10 Јануари 2019, 16:18:14 pm »
Човештвото не се спасува со дрндлање, туку со работа. Како што и нивата нејќе молитва, туку мотика.
Сега сме дојдени до момент каде работата не е доволна, потребна е револуција.
Секоја револуција почнува со револуција во размислувањето.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1090 на: 10 Јануари 2019, 16:23:35 pm »
Сега сме дојдени до момент каде работата не е доволна, потребна е револуција.
Секоја револуција почнува со револуција во размислувањето.

Секоја револуција си ги јаде сопствените деца. А револуција во размислувањето никогаш нема да имаш по природен пат. Затоа што еволутивниот процес е природниот пат.
Револуционерниот пат е пат поплочен со агит-пропаганда и играње со сетилата и чувствата на групната маса. Со други зборови, кога правиш револуција, не си ништо подобар од тие што сакаш да ги смениш, затоа што ги користиш нивните методи додека од петни жили и упорно се трудиш да покажеш дека си различен.

пс. Многу си левоориентиран да бидеш алт-десница другар.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1091 на: 10 Јануари 2019, 16:31:00 pm »
Од некаде мора да се почне...
И кој рече дека сум алт-десница?   ???

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1092 на: 10 Јануари 2019, 16:32:39 pm »
Ок си е сето тоа, ти ги разбираш работите и си против НАТО. Мартин не ги разбира и е за НАТО.
Мене прашањето ми беше како твоето разбирање на работите ќе спречи ти и Мартин да бидете дел од НАТО како граѓани на државава или како членувањето на државава во НАТО тебе нема да ти влијае, а на Мартин ќе му се врати како бумеранг.
Како просечниот граѓанин ќе има штета од челенство во НАТО?

Јас те прашувам едно, ти си поставуваш сосема друго прашање и си елаборираш по истото. Прекрасно :)

Има неколку поголеми адвокатски друштва кај нас кои пишуваат реферати од 6 страни, при тоа не кажувајќи ништо битно за спорните прашања. Претпоставувам целта им е да ја импресионираат својата странка и ако можат да го збунат судот.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1093 на: 10 Јануари 2019, 16:36:36 pm »
Не разбираш, или се обидуваш на евтин начин да „поентираш“... Не знам кое е полошото од двете.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1094 на: 10 Јануари 2019, 16:45:13 pm »
Некој ако го разбра одговорот на Ван на моето прашање, нека ми пише ПП или тука, како сака.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.