ЕДИТ: Додека пишував, Симо со линкови го потврдил истово.
Кратко да ти објаснам, ако те интересира стварно - земи прогуглај.
Компјутерот константно го чита аголот на воланот, брзината, вртежите, сите сензори и така натаму (live data). Кога компјутерот ќе забележи вредности за агол, вртежи, брзина кои не се менуваат подолго време (такозвани тест бенч услови каде колата е на dyno, тркалата се вперени право и фиксирани таму поради ролерите на дајното, се движи со постојана брзина и одржува постојани вртежи), компјутерот го забележува тоа и прави некоја „магија“ со филтрите, горивото, воздухот, што ти ја знам и поради тоа покажува ниски вредности.
Технички, ти сам можеш да најдеш TDI Голф, Пасат или било кое од возилата што имаат таков cheat и да постигнеш ниско загадување. VW беше фатен со тоа што истражувачите ја возеле колата преку 3000 километри, инструментите покажувале дека низ ауспух излага канцер, а кога ќе ја ставеле на dyno и ќе ја тестирале по test bench услови, емисиите биле патос ниски.